Контакт

Вести

Нигерија: 55 цивили убиени во два напада на Боко Харам

Објавено пред

Најмалку 55 цивили се убиени во текот на оваа седмица во нападите на исламистичката група Боко Харам во две села во североисточна Нигерија, соопштија во петокот претставници на локалните полиции.

dobivaj vesti na viber

Голем број тешко вооружени исламистички бунтовници се обиделе во средата навечер да го нападнат градот Мајдугури, најголемиот град на североистокот на Нигерија, меѓутоа биле одбиени од војниците од блиската касарна, изјавиле за AFP жители на градот.

Борците на Боко Харам пред судирот со војската нападнале две зафрлени села, но информациите за тие две села се објавени по неколку дена поради полицискиот час кој е во веден во четвртокот наутро во таа област.

„Борците на Боко Харам ги нападнале селата Бале и Кајамла, каде што убиле најмалку 55 луѓе запалиле повеќе куќи (…) по што навлегоа во предградие на Мајдугури каде што војската се пресмета со нив, изјави за AFP Абаха Зинари, припадник на милицијата за самозаштита на локалното население. „Убиле луѓе во Кајамла и 25 во Бале, додал.

Ова е еден од првите напади врз Мајдугури од почетокот на регионалната воена офанзива покрената на почетокот од февруари со помош на соседните земји со којашто, како што тврдат нигериските власти, значително е ослабена оваа опасна исламистичка група којашто врши напади и во Чад и во Нигер.

Градот Мајдугури има околу два милиона жители и е главен град на сојузната нигериска држава Борно. Се смета дека е важно упориште на радикалното исламистичко движење Боко Харам коешто сака овој град да стане престолнина на исламската држава која има намера да ја прогласи во 180-милионската Нигерија, којашто речиси по половина е поделена на христијани и муслимани./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ1 час

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија3 часа

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија3 часа

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...

Свет4 часа

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напада во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија4 часа

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска, во Собранието, ќе ја...

Македонија14 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија20 часа

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија22 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет22 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија23 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија24 часа

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија24 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ1 ден

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа1 ден

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет1 ден

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа1 ден

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија1 ден

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија2 дена

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет2 дена

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...