Контакт

Вести

Нигериската армија уапси двајца новинари на Al Jazeerа

Објавено пред

Нигериската армија од вторникот држи во притвор во хотелска соба во градот Мајдагури на североистокот од земјата двајца новинари на катарска сателитска мрежа Al Jazeerа, објави телевизијата во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

Новинарите Ахмед Идриз и Али Мустафа се затворени во нивните хотелски соби, а камерата и опремата им се одземени, објави телевизијата Al Jazeerа, со напомена дека двајцата биле акредитирани во изборната комисија на Нигерија, поради скорешните општи избори, со „дозвола да известуваат од секаде“.

Пристапот за новинарите во североисточна Нигерија е забранет од 2013 година, откако владата прогласи вонредна состојба во сојузните држави Јобе, Адамави и Борно, во коишто дејствува исламистичката секта Бико Харам која сака да прогласи на овие територии калифат На почетокот од март челниците на Боко Харам изразија лојалност на џихадистичката Исламска држава, којашто своето влијание од Сирија и Ирак го проширува и во северна, а сега и во централна Африка.

Мајдагури е административен центар на државата Борно. Војската успеа пред три седмици да го одбие нападот врз Мајдагури, град со околу два милиона жители. Меѓутоа, по падот на Монгоно, каде што имаше воена база, околу 130 километри североисточно, Мајдагури е во сé поцврсто опкружување.

Заземањето на Мајдагури би го загрозило одржувањето на парламентарните и претседателските избори кои треба да се одржат во недела, бидејќи голем дел од четирите милиони жители на државата Борно би биле спречени да излезат на избирачките места.

Мајдагури сега има двојно повеќе жители поради големиот прилив на луѓе од другите делови на државата Борно кои Боко Харам ги протера од нивните градови и села.

Нигериската армија објави во средата дека двајца новинари се задржани во хотел, како и дека се притворени поради „талкање“ низ областите во коишто се одвиваат воени операции против Боко Харам, пренесува Reuters. Новинарите, според воените тврдења, биле од надзор и во државата Јобе, а војската потсетува дека ги предупредила новинарите да не се движат без одобрување во областите во коишто траат борбени активности.

Пред општите избори во недела, Нигерија го заостри безбедносните мерки и ги затвори границите. На денот на изборите сите патни правци и сообраќајниците во градовите ќе бидат затворени, освен за службени возила./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија2 часа

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија3 часа

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Регион4 часа

Политичар почина на плажа на Халкидик

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно...

Македонија5 часа

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ6 часа

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет7 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија7 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Култура7 часа

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга...

Македонија19 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија20 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија22 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија22 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија22 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија1 ден

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ1 ден

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија1 ден

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија1 ден

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија1 ден

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...