Вести
Нигериската војска ослободи 300 жени и девојки од упориште на Боко Харам

Нигериската армија објави дека ослободила 200 девојки и 93 жени од упориштето на радикалната исламистичка групација Боко Харам, но меѓу нив нема некоја од 300-те ученички кои пред една година беа грабнати во градот Чибок.
„Војската во вторникот попладне зазема и уништи три терористички бази во шумата во Самбиса“, едно од главните упоришта на Боко Харам во североисточна Нигерија, изјави воениот портпарол Крис Олуколада во соопштението, зборувајќи за операцијата изведена во сојузната држава Борно, Додаде дека се проверува идентитетот на жените.
„Војската спаси двесте грабнати девојчиња, а тоа не се ученичките од Чибок, и 93 жени“, изјавил за Reuters полковникот Сани Усман.
На 14-ти април 2014 година исламистите од Боко Харам грабнаа 276 ученички од местото Чибок во северна Нигерија. По неколку месеци некои успеаја да побегнат, но за судбината на уште 219 девојчиња ништо не се знае.
Претходно во вторникот нигерскиот министер за внатрешни работи Хасуми Масауду за AFP изјави дека во саботата во напад на Боко Харам на позиција на нигериската војска на езерото Чад биле убиени 46 војници и 28 цивили. Овие загуби се најтешките коишто ги претрпи Нигер откако на почетокот од февруари се приклучи на борбата на неколку земји од регионот против оваа нигериска исламистичка група. Притоа министерот додаде дека „убиени се 156 терористи“.
Во бунтот на Боко Харам, кој започна во 2009 година, убиени се најмалку 15.000 луѓе, главно на северот од Нигерија, а 1,5 милиони беа принудени да ги напуштат своите домови./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.