Контакт

Вести

Нобеловците за мир стравуваат од уште пострашна Студена војна

Објавено пред

Добитниците за Нобелова награда за мир, кои се собраа во неделата во италијанската престолнина Рим, на 14-от самит во својата вообичаена декларација ја осудија тенденцијата за користење сила како основно средство за решавање на несогласувањата во конфликтите во Украина, Сирија, Јужен Судан, Ирак и на други места, и ја истакнаа „големата загриженоста“ поради заканите на „некои велесили“ кои ја користат силата ризикувајќи „нова и уште поопасна Студена војна“.
 

dobivaj vesti na viber

Добитниците за Нобелова награда за мир, кои се собраа во неделата во италијанската престолнина Рим, на 14-от самит во својата вообичаена декларација ја осудија тенденцијата за користење сила како основно средство за решавање на несогласувањата во конфликтите во Украина, Сирија, Јужен Судан, Ирак и на други места, и ја истакнаа „големата загриженоста“ поради заканите на „некои велесили“ кои ја користат силата ризикувајќи „нова и уште поопасна Студена војна“.

 

„Постои универзално правило според кое должни сме да се однесуваме кон другите како што би сакале тие да се однесуваат кон нас. Така и државите се должни да се однесуваат кон другите нации, како што тие би сакале да се однесуваат кон нив. Доколку не се прави тоа, ќе има хаос и насилства“, се вели во декларацијата од самитот на лауреатите на Нобеловата награда за мир коишто од петокот се собраа во Рим.

Потписниците на изјавата, исто така, истакнуваат дека „судирот во Украина ѝ се заканува на стабилноста на Европа и ја поткопува нејзината способност да игра позитивна улога во светот“.

„Ја осудуваме сегашната тенденција за употреба на силата како основно средство за решавање на недоразбирањата. За Сирија, Конго, Јужен Судан, Украина, Ирак, Палестина и Израел, Кашмир и за другите конфликти нема воено решение“, истакнуваат учесниците на самитот.

Според нив, една од најголемите закани за светот во сегашниот момент е убеденоста на некои од „големите сили“ за тоа дека тие можат да ги постигнат своите цели со помош на воена сила, но притоа не се наведуваат на кои земји се мисли.

„Таквиот стави може да создаде нова криза. Доколку таквата тенденција не се стивне, неизбежно ќе доведе до голем воен судир и нова и уште поопасна Студена војна“, предупредуваат лауреатите на Нобеловата награда за мир.

Учесниците на самитот, исто така, сериозно се загрижени од опасностите од војна, вклучително и нуклеарна, меѓу големите сили и истакнуваат дека денеска таквата закана е поголема од кога и да е од крајот на идеолошката блоковска Студена војна. Поради тоа, тие апелираат до државите што е можно поскоро да ги започнат преговорите за договорот за забрана на нуклеарното оружје и да го склучат таквиот договор во рок од две години.

Покрај тоа, добитниците на Нобеловата награда за мир ја нагласуваат и важноста од заштитата на сеопштото природно наследство, повикувајќи ги земјите на заеднична универзална ратификација и примена на Конвенцијата за правата на детето, како и усвојувања на практични решенија за сиромашните во светот.

На самитот на Нобеловците за мир во Рим, се собраа тибетскиот духовен водач Далај-лама, Михаил Горбачев од Русија последниот комунистички челник на поранешниот Советски сојуз, Лех Валенса поранешниот водач на синдикалното движење Солидарност кој ја започна антикомунистичката револуција во Полска чиј претседател стана подоцна, Ширин Ебади од Иран, Лејман Гбове од Либерија, Тавакол Карман од Јемен, Бети Вилијамс, Мејрид Кориган Мегваер и Дејвид Тримбл од Северна Ирска, Хозе Рамос-Хорта од Источен тимор и Џоди Вилијамс од САД. Јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту беше спречен поради болест./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ57 минути

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија2 часа

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија2 часа

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија3 часа

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет4 часа

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули – што е околу 7 отсто од...

Култура6 часа

(Видео) Со концерт на Ана Дурловски, „Охридско лето“ го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија7 часа

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

Македонија20 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија1 ден

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ1 ден

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет1 ден

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија1 ден

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет1 ден

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет1 ден

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија2 дена

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и...

Економија2 дена

(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на...

Свет2 дена

„Среќни се ако јадат сув леб“ – трогателно сведоштво за брат и сестра во Газа кои гладуваат со недели

Мохамед Алмадун, од хуманитарна организација во Газа, рече дека во оваа палестинска енклава лекувал две малолетни деца – брат и...

Свет2 дена

Техеран се соочува со историска водна криза: „нултиот ден“ сè поблиску

Иранскиот главен град Техеран најверојатно е само на неколку недели од таканаречениот „нулти ден“, предупредуваат експертите – денот кога чешмите...