Контакт

Вести

Нов пресврт во кампањата на Трамп, им се извини на жените

Објавено пред

Откако во четвртокот потпретседателски кандидат Мајк Пенс изјави дека републиканскиот кандидат на американските претседателски избори Доналд Трамп се откажал од целосната забрана за влегување на муслиманите во САД, што претставува пресврт во најпровокативниот предлог на њујоршкиот милијардер, тој во саботата рано утрото се извини за вулгарните изјави за жените кои ги изговорил во 2005 година, а кои предизвикаа бран критики од членовите на Републиканската партија и повиците да се повлече од кампањата и да му го отстапи местото на својот потпретседателски кандидат Пенс кој покажа супериорност во телевизиската дебата со демократскиот потпретседателски кандидат.

dobivaj vesti na viber

Доналд Трамп во видеото од пред единаесет години кое во петокот го објави The Washington Post во продолжувањето на кампањата против кандидатот на Републиканската партија, вулгарно раскажува како неказнето ги фаќал жените меѓу нозете и „лажните гради“.

„Никогаш не зборував дека сум идеален човек и не се претставувам за таков каков што не сум. Кажував и правев работи за коишто жалам. И зборовите кои се изговорени во видеото се од пред една деценија, се една од тие. Секој којшто ме познава, знае дека овие зборови не покажуваат каков сум. Реков дека тоа не беше во ред и се извинувам. Ветувам дека ќе бидам подобра личност“, вели Трамп.

„Реков глупави работи, но има голема разлика меѓу зборовите и делата. Бил Клинтон ги вознемируваше жените, а Хилари ги заплашуваше, напаѓаше, ги засрамуваше и им се закануваше на неговите жртви. Ќе разговараме за ова следните денови“, вели Трамп во видео пораката.

Трамп е изложен на лавина осуди откако беше објавено видеото и ѝ овозможи на Хилари Клинтон нова „муниција“ обвинувајќи го за омраза кон жените пред втората претседателска дебата којашто ќе се одржи во недела во Сент Луис.

Меѓутоа, штетата е сторена и неколку влијателни републиканци веќе ја повлекоа поддршката за Трамп.

„Не можам повеќе во добра вера да ја поддржувам таа личност за претседател. Тоа е една од најодвратните и најнавредливи изјави кои може да замислите“, изјави конгресменот Џејсон Шефец од сојузната држава Јута.

Други републиканци меѓу кои и конгресмените Барбара Комсток и Мајк Кофмон и поранешниот гувернер од Јута, Џон Хантсман повикаа Трамп дека да се повлече од трката.

На триминутната снимка која инаку била емитувана на телевизија своевремено, Трамп за актерката која треба да ја сретне на снимањето на сапуницата „Days of Our Lives“ во која треба да се појави во камео улога.

„Треба да земам тик-так доколку почнам да ја бакнувам“, му вели Трамп на Били Буш, тогашен водител на шоуто „Access Hollywood“ посветено на холивудските ѕвезди.

„Знаете, автоматски ме привлекува убавото, Веднаш почнувам да банувам. Тоа е ко магнет.. Не чека, а кога сте ѕвезда тоа вие дозволено, можете се“, вели Трамп и кажува како се обидувал да има односи со мажени жени. „Навалив и не успеав. Признавам“, кажува Буш опишувајќи го обидот за однос со вулгарни зборови. „Навалив на неа како на кучка, но не успеав. Беше во брак“, вели милијардерот. Таа снимка е направена неколку месеци откако се венча со третата сопруга Словенката Меланија.

Претставникот на Пратеничкиот дом на Конгресот, републиканецот Пол Рајан рече дека му е „мачно од тоа што го слушнал“, порачувајќи дека го повлекол повикот за Трамп за политички собир во Висконсин.

Хилари Клинтон остро ја осуди снимката со Трамп нарекувајќи ја ужасна и порача дека таква личност не смее да биде претседател./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Македонија3 часа

Филков ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен...

Топ4 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија4 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија5 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија6 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа7 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија8 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија8 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија8 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет9 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет9 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа10 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа10 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа10 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија20 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...