Вести
Нов судир на Палестинците со полицијата во источен Ерусалим
Палестинските демонстранти во источен Ерусалим во понеделникот одново се судрија со израелската полиција, откако телото на палестински возач на автобус беше пронајдено обесено во неговото возило на градскиот паркинг.
Според полицијата, на 32-годишниот Јусуф ал-Рамуни извршил самоубиство, а во соопштението се истакнува дека на неговото тело не се откриени никакви знаци на насилство, пренесува агенцијата DPA.
Семејството на жртвата, меѓутоа, наведува дека ал-Рамуни не покажувал никакви знаци коишто би укажувале дека може да изврши самоубиство и тврди дека тој е убиен од радикалните Евреи.
Гневните жители на населбата Ал-Тур во источен Ерусалим и населението од блиското предградие Абу Диса, источно од Ерусалим, започнале да ја гаѓаат полицијата со камења.
Радикалното палестинско исламистичко движење Хамас и неговото воено крило Бригадите на ал-Касем ги обвинуваат „ционистите“ за смртта на возачот ал-Рамуни и издадоа соопштение во коешто најавуваат одмазда.
Израелската полиција во меѓувреме објави дека ќе биде извршена обдукција на телото на возачот, а во екипата ќе биде вклучен и палестински лекар.
Другите палестински возачи вработени во израелскиот автопревозник „Egged“, за кој работел и ал-Рамуни, најавија штрајк. Продавниците во населбата Абу дис се затворени и таму е најавен генерален штрајк. Смртта на палестинскиот возач се случува по повеќенеделните безредија во Ерисалим и околината коишто минуваа со каменувања на полицијата и возила, претепувања, пукања и убиства. Најновиот бран насилства се случуваат на приодот не местото коешто Евреите го нарекуваат Ридот на храмот, а муслиманите Племенитото светилиште и е третото најсвето место на исламот, поради повиците на ултраортодоксните Евреи да се симне децениската забрана за молитва на Евреите на ова место а им е дозволен пристапот, па дури повикуваат на уривање на џамиите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.