Вести
Нови десет убиени во Сомалија, 90.000 раселени
Најмалку десет луѓе се убиени и уште 29 се ранети во судирите на два ривалски клана во градот Бедудиејне во сомалиската покраина Хиран во неделата, со што бројот на жртвите во двонеделните конфронтации надмина 20, со над 120 ранети и поради кои околу 90.000 луѓе се принудени да ги напуштат нивните домови, соопшти мисијата на Обединетите нации во оваа африканска земја.
Локалните медиум соопштија дека најголем број од жртвите се цивили, како и дека бројот на смртно настраданите во судирите во неделата може да се зголеми. Директорот на локалната болница Ахмед Махмуд Калиф изјавил дека во болницата се примени 29 ранети лица, од кои пет се во критична состојба.„Постигнат е релативен мир.., вооружените сили на двете страни започнаа да се повлекуваат од линијата на судирот“, се вели во соопштението на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните акции (OCHA) и се додава дека новото „насилство ја влоши и онака кревката хуманитарна ситуација“. Борите избувнаа во градот Галкајо на 22-ри ноември, меѓу вооружени групи лојални на властите во окрузите Пунтланд и Галмудуг. Судирите продолжија и покрај постигнатото примирје од минатата седмица. Градот кој се наоѓа меѓу двата окрузи, често е сцена на борби меѓу спротиставените политички групации и кланови, кои се одвоени од исламистичката група ал-Шаабаб која се бори против централната влада во сомалиската престолнина Могадишу, која ја има меѓународната поддршка./крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.