Вести
Нови протести против американската воена база на Окинава

Илјадници демонстранти уште еднаш протестираа формирајќи во неделата во јапонската престолнина Токио човечки синџир, против планот за изградба на нова американска воена.
база на Окинава.
Според процените на организаторот, најмалку 15 илјади демонстранти ја опколиле зградата на парламентот истакнувајќи транспаренти на коишто пишувало „Не Хоноко!“.
Со проектот се предвидува префрлување на американската воена воздухопловна база од Футенма во Хеноко, во североисточниот дел на архипелагот. Базата Футенма, која се наоѓа во градот Гинован, би требало да се премести во помалото населено крајбрежно подрачје на островот Окинава. Меѓутоа, тамошното население повеќе не сака никакви воени бази на островот.
„Треба да се запре почетокот на градењето. Власите се обидуваат тоа со сила да ни го наметнат, изјави за AFP 66-годишниот демонстрант Акеми Китајама.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе и американскиот претседател Барак Обама ја повторија својата подготвеност за преместување на базата Футенма на самитот на 29-ти април во Вашингтон.
Меѓутоа, жителите на овој архипелаг со години се спротиставуваат на американското воено присуство и подготвеноста на десничарската влада на Абе да ја преместат воздухопловната база Футенма, што го посакуваат САД во намерите за нивното поголемо воено присуство на Пацификот.
Интензивирањето на напорите за селењето на базата доаѓа во време која Вашингтон сé почесто му забележуваат на Пекинг дека ја демонстрира кинеската надмоќ во регионот, особено во спорните води на Јужното Кинеско Море, каде што Кина води територијални спорови со повеќе земји, вклучително и со Јапонија. Од почетокот на годинава, склучени се и договори за зголемување на бројноста на американските војници постојано распоредени во базите во Австралија.
Споменатиот јапонски архипелаг кој го окупирале Американците по Втората светска војна на Јапонија ѝ е вратен дири во 1972 година. Во Окинава се распоредени речиси половината од 47.000 американски војници на служба во Јапонија, а станува збор за присилен соживот, бидејќи локалното население лошо го прифаќање присуството на странските војници./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.