Контакт

Вести

Новиот советник на Нетанјаху: Обама е антисемит, Кери е смешен

Објавено пред

Новиот советник за односи со јавноста на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, 42-годишниот професор по филозофија и историја и уредник на контроверзен политички портал Ран Барац, го обвини американскиот претседател Барак Обама за антисемитизам, а менталните способности на американскиот државен секретар Џон Кери ги спореди со дванаесетгодишник.

dobivaj vesti na viber

Како шеф на јавната дипломатија и медиумите, Ран Барац, кој на позицијата е именуван во средата, ќе биде задолжен за поправање на имиџот на Израел во светот. Меѓутоа, веднаш предизвика негативни реакции, со неговите постови на Facebook. Овој скандал доаѓа само неколку дена пред посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон, каде што треба да ги ублажи тензиите предизвикани со склучувањето на нуклеарниот договор со Иран, за што се залагаше американскиот претседател Барак Обама, а жестоко се спротиставуваше Нетанјаху, а времето на носењето на таа одлука поставува голем број прашања.Само неколку часа по именувањето на Барац, израелскиот медиуми почнаа да објавуваат низа негови контроверзни коментари и написи, кои, како што се чини, од кабинетот на Нетанјаху не ги провериле.Неименуван функционер рекол за Reuters дека Барац во телефонски разговор и писмено му се извинил на Нетанјаху кој се дистанцирал од таквите изјави, но одлуката за неговото именување не ја повлекол. Функционерот додал и дека двајцата, на барање на Барац, ќе се сретнат по враќањето на израелскиот премиер од САД следната седмица.„Штотуку прочитав некои работи коишто д-р Ран Барац го објавил на интернет, вклучително и коментарите за израелскиот претседател, претседателот на САД и за други јавни личности тука и во САД. Тоа се непристојни изјави и тие не ги одразуваат моите ставови или владината политика“, изјави во соопштение Нетанјаху.Барац во март на Facebook објавил дека одговорот на Обама на говорот на Нетанјаху во американскиот Конгрес со кој го критикуваше и бараше да не се потпишува нуклеарниот договор со Иран, „беше она како модерниот антисемитизам изгледа во западните и либерални држави“.Ланскиот ноември, пак, за американскиот државен секретар Џон Кери напишал дека се „смешни“ неговите изјави по повод муслимански празник, кога рекол дека челниците од Блискиот исток му рекле дека емоциите предизвикани од израелско-палестинскиот судри се важен фактор во привлекувањето борци за екстремната сунитска организација Исламска држава.„Ова е време на државниот секретар да му посакаме успех и да го вратиме времето две години наназад со надеж дека некој во Стејт департментот тогаш ќе се разбуди и ќе почне да го гледа светот со очите на маж кој е на повисоко ментално ниво од 12-годишниј“, напишал тогаш Барац.Портпаролот на Белата куќа, Џошуа Ернест во Вашингтон го поздрави извинувањето на Барацц и додаде дека неговите коментари нема да им наштетат на настојувањата на Обама и Нетанјаху да работат во полза на заедничкиот интерес.  „Очигледно е дека неговото извинување е изнудено. Но премиерот Нетанјаху има право самиот да донесе одлука за тоа кој ќе работи во неговата влада, ќе го претставува него и неговата земја“, додаде Ернест./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија4 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија5 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија6 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ6 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија7 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија8 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет10 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет10 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет11 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет11 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет11 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија22 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет22 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија24 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија1 ден

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ1 ден

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија1 ден

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...