Вести
Обама: Авганистанските сили уште не се доволно силни

Американскиот претседател Барак Обама во четвртокот оцени дека авганистанските сили сé уште не се доволно силни за да ја „гарантираат стабилноста на земјата“, оправдувајќи го со тоа својата одлука за задржи повеќе илјади американски војници во Авганистан и по 2016 година.
„Задржувањето на ова скромно, но значајно присуство може да биде клучно“, истакна американскиот претседател Барак Обама потврдувајќи го задржувањето на околу 9.800 американски војници во Авганистан, како што се најавува, во поголемиот дел од 2016 година.
По 2016 година, 5.550 војници ќе останат во неколкуте бази, меѓу кои во Баграм, во близината на главниот град Кабул, во Џалалабад, на истокот, и во Кандахар на југот од земјата. Претходно, според плановите на Обама, следната година во Авганистан требаше да остант малку повеќе малку повеќе од илјада војници, и тоа во амбасадата во престолнината Кабул.
„Авганистанските безбедносни сили продолжија да растат и тие можеа, со помош на меѓународната коалиција, со висока цена да ги исфрлат талибаните од Кундуз, но не се доволно силни колку што би требало да бидат“, рече Обама.
Авганистанските сили ги развиваат капацитетите во сферите на разузнавачките служби, логистиката, воздухопловството и командните сили, меѓутоа „талибаните напредуваа, особено во руралните области и можат и натаму да преземаат напади во градовите како Кабул“, додаде американскиот претседател.
„Не би препуштил Авганистан да биде засолниште а терористите чијашто цел е да ја нападнат нашата земја“, истакна Обама.
Во март годинава Обама веќе најави забавување на ритамот на повлекување на американските војници од Авганистан. Големата воена инвазија покрената по терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 година, официјално заврши кон крајот на 2014 година. Повеќе од 10.000 американските војници кои и натаму се во ова земја, во моментов извршуваат антитерористички операции и со обука на авганистанските безбедносни сили.
Заклучно со првата половина од октомври 2015 година, 2.326 американски војници загинаа во Авганистан, а 20.083 биле ранети. Трошоците, пак, а оваа операција во моментов се близу 1.000 милијарди долари./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.