Вести
Обама бара од Путин прекин на руските напади врз сириската опозиција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/obama20putin.jpg)
Американскиот претседател Барал Обама побрал од рускиот колега Владимир Путин да ги прекине воздушните удари на руската авијација во Сирија врз вооружените сунитски групи кои Западот ги смета за умерена опозиција, во согласност со меѓународниот договор склучен во четвртокот во Минхен, соопшти Белата куќа, откако претходно во неделата за истиот телефонски разговор извести Кремљ.
Во телефонскиот разговор на двајцата челници, Обама „истакнал дека во иднина е важно Русија да има конструктивна улога благодарејќи на прекинот на воздушната кампања врз опозициските умерени сили во Сирија“, се наведува во соопштението на Белата куќа, за разговорот кој се одвивал ноќта кон неделата, додека американскиот претседател престојува во Калифорнија.
Двајцата челници разговарале за одлуките и договорите склучени на 11-ти февруари во текот на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија, појаснува Белата куќа, без да се задржува на другиот дел од разговорот меѓу Путин и Обама, кој се однесувал на кризата во Украина.
Обама и Путин инсистирале на важноста од брзо покренување на хуманитарниот пристап во опколените зони во Сирија и покренување на прекин на непријателствата на целата сириска територија.
Седумнаесет земји и три меѓународни организации, меѓу кои САД, Русија, Саудиска Арабија, Иран, Турција и Европската унија, се договорија во четвртокот во Минхен за прекин на непријателствата во Сирија во рок од една седмица и отворање хуманитарен пристап во опколените градови.
И покрај ветувањата за примирје, решението на сирискиот судир во неделата изгледа многу далечно откако Турција започна од саботата вечерта да ги гранатира позициите на сириските Курди и на сириската владина војска во пограничните северни покраини Алепо и Латакија.
Во телефонскиот разговор, претседателите Путин и Обама се договориле дека ќе останат во контакт во врска со работата на Меѓународната група за поддршка на Сирија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.