Контакт

Вести

Обама е убеден дека Клинтон ќе биде „прекрасен“ претседател кој ќе ги брани САД

Објавено пред

Американски претседател Барак Обама изјави во вторникот дека Хилари Клинтон била одличен државен секретар и таква ќе биде како шеф на држава и истовремено упати порака дека таа, доколку е неопходно, може да примени сила за заштита на својата земја и нејзините сојузници, откако на почетокот од јуни актуелниот челник на САД објави дека ќе се приклучи на кампањата на најверојатната претседателска кандидатка на нивната Демократска партија за негова наследничка во Белата куќа на изборите кои ќе се одржат на 8-ми ноември, пренесуваат агенциите. 

dobivaj vesti na viber

„Тука сум бидејќи верувам во Клинтон и сакам да ѝ помогнете таа да биде следниот претседател на САД“, изјавил Обама говорејќи на предизборниот собир на Клинтон во Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина.

Обама истакнал дека „Клинтон била прекрасна државна секретарка“. „Тоа не е само мое лично мислење, тоа е мнение на американскиот народ. (Во нејзино време) политичката машина почна да се движи напред. Таа направи прекрасната работа“, рекол актуелниот претседател на САД.

Обама рекол и дека уште во претседателската трка од 2008 година, кога таа му беше противкандидатка, видел колку Клинтон е паметна и подготвена, и додал дека таа како државната секретарка била вклучена во носењето тешки одлуки. „Немаше поквалификувана личност, ниту жена ниту маж, за таа должност од Хилари Клинтон“, рекол Обама.

„На овие избори, гласачите во ноември ќе имаат очигледен избор, меѓу минатото и иднината, меѓу Америка за некои и Америка за сите“, порачал Обама. Притоа изразил уверување дека „Клинтон ќе работи на иднината“.

Говорот на Обама, пренесуваат медиумите, постојано бил прекинуван со извиците „Хилари“. Притоа примерот го дал самиот претседател кој го почнал своето обраќање неколкупати извикувајќи го името на Клинтон.

Во продолжение на говорот актуелниот претседател изразил уверување дека Клинтон „нуди паметен пристап кон политиката, кој подразбира примена на силата на САД за својот народ и нивните сојузници“. „Таа ќе ја користи дипломатијата“, рекол Обама.

„Но таа, исто така, знае што е да си врховен командант. И таа нема да се притеснува да примени сила доколку е потребно да нé заштити. И затоа сакам Хилари Клинтон да биде следниот претседател на САД“, рекол Обама пред возбудениот до овации аудиториум.

Во вторникот по американско време Обама го имаше својот прв настап на предизборните митинзи на Клинтон, кој го пренесуваа директно многу американски телевизиски канали.

Сојузната држава Северна Каролина не е избрана случајно за првиот настап на претседателот Барак Обама во кампањата на кандидатката за негов наследник Хиалри Клинтон. Станува збор за една од државите каде што се израмнети позициите на републиканците и демократите пред претстојните ноемвриски избори. Според анкетите, во повеќето од нив сепак во предност се демократите.

Обама со настапот во Шарлот ѝ возвраќа на Клинтон којашто го поддржа на изборите за неговиот прв мандат. Тој годинава чекаше и го следеше резултатот од нејзиниот дуел со главниот ривал во Демократската партија, сенаторот Берни Сандерс, но сепак имаше некои потези кои навестуваа дека ѝ го чисти теренот во партијата, а на 9-ти јуни јавно истапи со поддршката за Клинтон, откако стана извесно дека таа ќе биде париски претседателски кандидат.

Американските медиуми коментираат дека првото појавување на Обама и Клинтон на предизборен митинг ќе го затвори кругот на нивните односи кој започна срдечно во времето кога и двајцата беа сенатори, потоа стана напнат кога беа ривали за демократската претседателска номинација во 2008-та, и повторно стана близок кога Клинтон беше именувана од Обама за државана секретарка во неговиот прв претседателски мандат, за потоа да се повлече за да се подготвува за сегашната номинација.

Треба да се одбележи и дека Обама отворено ја поддржа Клинтон токму на денот кога шефот на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми изјави дека ќе му предложи на државното обвинителство да не подигнува обвинение против поранешната државна секретарка по едногодишната истрага за користењето на приватната електронска пошта за доверлива службена коресподенција, со што ја загрозила безбедноста.

Клинтон беше истражувана дали го прекршила сојузниот закон за службена комуникација во периодот од 2009 до 2013 година, водена од својот приватен сервер во нејзиниот дом во Њујорк и од приватната електронска пошта, при што стотици службени доверливи белешки останале незаштитени од хакирање./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Путин: Подготвен сум за војна со Европа; Америка: Ќе бидете добро со помалку наши војници

Намалувањето на бројот на американски војници во Европа нема да ја загрози одбраната на континентот, изјави во вторник врховниот командант...

Свет2 часа

Медиумите: Дронови забележани во близина на рутата на летот на Зеленски на пат кон Даблин

Ирската морнарица забележала околу пет дронови кои дејствувале во близина на рутата на летот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за...

Свет3 часа

Трамп сакаше да отпушти 250 вработени во Стејт департментот, судот ја блокира неговата одлука

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи за отпуштање на околу 250 вработени беше блокирана на суд во четврток, што...

Свет3 часа

(Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот

Американската војска вчера изврши нов напад врз брод за кој тврди дека превезувал дрога во крајбрежните води на Латинска Америка,...

Европа3 часа

Медведев за контроверзниот европски план: Ова може да биде повод за војна

Шефот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев вчера предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства...

Европа3 часа

Висок функционер: Нема знаци на напредок кон прекин на огнот во Украина

Висок претставник на Обединетите нации за Украина предупреди дека војната во Украина се влече без знаци на напредок кон прекин...

Свет16 часа

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори...

Македонија18 часа

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија20 часа

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија20 часа

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија21 час

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов“, е казнета со 900 евра откога беа...

Македонија21 час

Ресторан на нива, одморалиште издавано без согласност, градинка без деца оти нема пат – ревизијата утврди серија нерегуларности во Свети Николе

Државниот завод за ревизија утврди серија нерегуларности во работењето на Општина Свети Николе за 2024 година поради што изрази неповолно...

Македонија23 часа

Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати

Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите,...

Македонија24 часа

Затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптопот најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет1 ден

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа1 ден

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет1 ден

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет1 ден

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет1 ден

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет1 ден

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...