Вести
Обама го потпиша законот за нови санкции против Русија

Американскиот претседател Барак Обам го потпиша законот со кој се овозможува воведување нови санкции против Русија, соопшти ноќта кон четвртокот портпаролката на Стејт департментот, Џенифер Псаки.
Американскиот претседател Барак Обам го потпиша законот со кој се овозможува воведување нови санкции против Русија, соопшти ноќта кон четвртокот портпаролката на Стејт департментот, Џенифер Псаки.
„Тој (претседателот на САД, Барак Обама) го потпиша врела“, изјави Псаки на редовнито брифинг со новинарите во Стејт департментот на барањето да го коментира предлог-законот за санкции кој „Обама треба да го потпише“.
Според Псаки, овој закон „ја осигурува можноста“ испораки на смртоносно оружје на Украина.
Претходно во вторникот Џош Ернест, портпаролот на Белата куќа, најави дека текстот на законот за нови санкции против Русија поради нејзината наводна вмешаност во украинската криза ќе биде потпишан до крајот на седмицата „… бидејќи содржи своја еластичност во врска со потреба воведувањето на новите санкции“. Американскиот претседател Барак Обама повеќепати изјави дека воведувањето на дополнителните американски санкции без соработка со Европската унија го смета за „контрапродуктивни“.
Сенатот и Претставничкиот дом на САД минатиот четврток го усвоија предлог-законот, според кој ќе се овозможи испорака на смртоносно и несмртоносно оружје на Украина. Конгресот едногласно во саботата ги одобри новите санкции против Русија и испорака на смртоносно оружје за Украина. Испораката на такво оружје од САД во Украина беше можна од вторникот, но е во надлежноста на американскиот претседател кој досега се противеше и одобри само помош во радари, возила, опрема за деминирање, ноќни визири, панцирни елеци и противминофрлачки радари.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, оцени во понеделникот дека носењето на тој закон во Конгресот претставува „непријателски“ акт кон Русија, оседувајќи ја „разулавената желба Русија да биде казнета за сите можни и невозможни престапи“. Притоа, Москва се закани со противмерки, доколку се пристапи кон нови санкции од страна на Вашингтон./крај/мф/сн
Извор: Reuters/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.