Вести
Обама го започна процесот за избор на нов судија на Врховниот суд на САД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/obama20tim.jpg)
Американскиот претседател Барак Обама ги одржа прелиминарните разговори со својот тим за тоа кого ќе предложи за наследник на ненадејно починатиот судија на Врховниот суд Антонин Скалиа, објави Белата куќа истовремено обвинувајќи ги републиканците во Сенатот за закани поради тоа што предупредија дека нема да го одобрат неговиот предлог.
Портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц, изјави за новинарите дека функционерите во Белата куќа ги започнале разговорите со Сенатот околу процесот кој би можел да се претвори во најголемата битка меѓу републиканците и демократите во предизборната година.
Републиканците, коишто го контролираат Сенатот, велат дека претседателот Барак Обама би требало да се откаже од предлагање на наследникот на судијата Антонин Скалиа и да му го препушти тоа на следниот претседател кој ќе се избира на 8-ми ноември годинава, а ќе ја преземе должноста во јануари 2017 година. Демократите, пак, сметаат дека уставна одговорност на претседателот е тоа да го стори без одложување.
По смртта на конзервативниот судија Скалиа, во деветчлениот Врховен суд сега бројно се изедначени конзервативните и либералните судии.
Најголемиот дел од републиканците во Сенатот веќе се изјаснија дена нема да поддржат ниеден предлог на Обама за судија во Врховниот суд, надевајќи се дека на претседателските избори ќе победи републиканец и така ќе обезбеди повторно надмоќ на конзервативците во највисоката американска правосудна институција.
Обама ќе бара кандидат со беспрекорна биографија и етичка и морална тежина, за да може да одлучува во овој суд, рече портпаролот на Белата куќа Шулц.
Според него, оставањето на празното место во Врховниот суд толку долго време би го загрозило работата на судот и оваа и следната година, и порача дека американскиот устав не предвидува изземање во извршувањето на претседателските овластувања во предизборна година.
На денот на претседателските избори во САД се избира и третина од Сенатот, па демократите се надеваат дека на тие избори ќе го вратат мнозинството во Сенатот, бидејќи се избираат 34 сенатори чии мандати сега ги држат 24 републиканци и 10 демократи. Во Сенатот републиканците во моментот имаат 54 претставници, а демократите 46./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.