Контакт

Вести

Обама и Кастро се ракуваа на самитот во Панама

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро се ракуваа на регионалниот самит на американските земји кои започна во петокот навечер по локално време во Панама, симболично означувајќи ги обидите за обновување на односите меѓу идеолошките непријатели од времето на Студената војна.

dobivaj vesti na viber

Агенциите ги пренесоа снимките на кои Обама и Кастро разговараат во мала група челници на свеченото отворање на панамериканскиот самит во Панама, а претставници на Белата куќа потврдија дека претседателите се ракувале и кусо разговарале. „Тоа беше неформална средба и немаше содржински разговор меѓу претседателите“, рекол функционер за Reuters.

Дводневниот регионален самит беше отворен во присуство на триесетина шефови на држави. Овој собир „навистина има посебна димензија“, изјави на отворањето генералниот секретар на Организацијата на американските држави Хозе Мигуел Инсулза оценувајќи го како историски собирот на кој првпат на иста маса се најдоа шефови на 35 држави и влади.

Куба првпат се реши да учествува во работата на овој панамерикански самит, како резултат од затоплувањето на односите со САД. Хавана беше исклучена од работата и на Организацијата на американските држави (ОАC) уште во 1962 година. Во 2009 година организацијата ја укина одлуката за исклучувањето на Куба, но Хавана не го обнови своето членство во неа.

Присуството на претседателите на САД и на Куба на самитот ќе претставува своевиден врв на затоплувањето на односите меѓу двете земји најавени по 18 месеци преговори кои беа водени во најголема тајност. Се очекува дека Обама и Кастро повторно ќе се сретнат во сабота и ќе разговараат за обидите за обновување на целосните дипломатски односи, како и за поткрепа на меѓусебното тргување и патувањата меѓу двете земји.

Нивното приближување, коешто започна со историскиот пресврт во политиката во декември, е централната тема на регионалниот самит ов Панама. „Додека напредуваме кон процесот на нормализацијата, ќе имаме различни мислења по многу прашања. Исто како што понекогаш нашето мислење се разликува од мислењата на другите земја на американскиот континент, токму како што понекогаш се разидуваме во мислењата и со најблиските сојузници“, изјави Обама во петокот.

Меѓутоа, педесетгодишниот Барак Обама, кој не бил ни роден кога Фидел и Раул Кастро ја преземаа власта на Куба со револуцијата од 1959 година, изјави дека САД повеќе не сакат да им ја наметнуваат својата волја на земјите од Латинска Америка. „Минаа деновите кога нашиот план на оваа хемисфера предвидуваше дека САД можат неказнето да се мешаат“, порача Обама.

Освен неколкуте куси неформални средби, лидерите на САД и Куба уше не одржале важен состанок, откако браќата Кастро го соборија диктаторот Фулгенсио Батиста кого го поддржуваа САД, свртувајќи ја тогаш карипската островска држава кон блиско сојузништво со Советскиот сојуз.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ги поздрави настојувањата на Обама да ги поправи односите со Куба, велејќи дека тоа придонесува за „оздравување на плускавецот кој му пречи на целиот регион“. Меѓутоа, кубанскиот дисидент Гиљермо Фаринас вели дека граѓанските групи на Куба се изоставени од разговорите, и го повика Обама да ја поддржи нивната желба за посилна демократија.. „Кубанската влада не покажува добра волја… тие не сакаат да направат никакви отстапки“, изјави во разговорот за Reuters.

Американскиот претседател Барак Обама пред почетокот на самитот во петокот, се сретна со кубанските дисиденти Лариц Диверсент и Мануел Куес Мору.

Обама, кој се сретна со активисти за човекови права од цела Латинска Америка, вклучително и двајцата кубански дисидента, настојува и да ја отстрани Куба од американската листа на земји коишто ги поддржуваат тероризмот. Вклучувањето на Хавана на тој список автоматски носи низа американски санкции, а Куба бара да бидат симнати санкциите, односно да биде тргната од тој список како предуслов за обновување на дипломатските врски меѓу двете земји.

Стејт департментот дал препорака Куба да виде отстранета од споменатиот список, соопшти помошникот на Комисијата на американскиот Сената за надворешни работи. Се очекува дека Обама ќе се согласи, иако не е сосема јасно дали тоа ќе го објави веќе на самитот во Панама./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија14 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија14 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија15 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ17 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија18 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија19 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија19 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија19 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа20 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет20 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет22 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет22 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет22 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет22 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија2 дена

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...