Контакт

Вести

Обама и’ порача на Русија да не се меша во Украина

Објавено пред

Прекинот на огнот во Украина е можен само доколку Русија престане да се „преправа“ дека не се вмешува во судирот и доколку престане таму да испраќа свои војници и оружје, изјави американскиот претседател Барак Обама во средата во естонската престолнина Талин, а на оваа земја членка на НАТО и’ порача дека „нема да биде препуштена самата на себе“, алудирајќи на наводната зголемена руска закана за земјите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Киев во средата објави дека украинскиот претседател Петро Порошенко со рускиот колега Владимир Путин договорил „прекин на огнот“ во судирот меѓу украинската армија лојална на прозападните киевски власти и проруските бунтовници во југоисточните региони на земјата. Кремљ тоа го демантираше со пораката дека Путин и Порошенко разговарале за можните начини за запирање на крвопролевањата во Украина, но дека не станало збор за прекин на огнот, бидејќи Русија не е страна која е вклучена во конфликтот и смета дека тоа е внатрешно украинско прашање.

„Реалното политичко решение не може да виде постигнато доколку Русија каже дека нема да продолжи да испраќа тенкови и војници и оружје и советници прикривајќи ги како сепаратисти (проруските бутновници), и доколку за нив (Москва) е единственото можно решение е на Украина да го препушти својата територија или суверенитет“, изјави американскиот претседател Барак Обама на прес-конференцијата во Талин, пренесува Reuters.

Москва упорно ги отфрла ваквите обвинувања од Западот дека испраќа помош во војници и оружје во југоисточна Украина, каде што доминантното рускојазично население се крена на бунт сметајќи ги за нелегитимни новите прозападни власти во Киев кои дојдоа на власт во февруари по безредијата со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович и откако го укинаа Законот за јазици со кој рускиот го загуби статусот на службен, по што бунтот во април годинава доби сецесионистички карактер.

Покрај тоа, активистите на американското движење „Ветерани на разузнавањето за разумност“(Veteran Intelligence Professionals for Sanity, VIPS) ѝ напишаа во вторникот отворено писмо на германската канцеларка Ангела Мекел објавено на страницата warisacrime.org. и во други американски медиуми, во коешто ја предупредуваат дека информациите на НАТО за наводно навлегување на руски воени единици на територијата на Украина не се веродостојни.

Посетата на Обама на Талит пред започнувањето на дводневниот самит на НАТО во четврток во Велс, треба јасно да им демонстрира на трите блатички земји членки н Алијансата, поранешни републики во Советскиот сојуз, дека Североатлантскиот сојуз стои зад нив и дека САД се обврзуваат да ги штитат источните граници на Сојузот истовремено предизвикувајќи ја Русија со своето зголемено присуство на нејзините граници, со што според Москва се крши договорот меѓу НАТО и Русија од 1997 година. Од Брисел тоа, пак, го оправдуваат со зголемената опасност од можна руска инвазија, според алијансата, како и во Украина.

Трите балтички држави, Латвија, Литванија и Естонија, се многу зависни од руските енергенси, а Латвија и Естонија имаат и големи руски малцинства додека на рускојазичните граѓани им го одредуваат статусот „недржавјани“ со кои им се ограничуваат некои права поради што се често критикувани од ОН и ЕУ. Во Латвија живеат 26 отсто Руси, во Литванија околу 6 процнети, а во Естонија тие сочинуваат 25 отсто од населението.

„Естонија никогаш нема да биде сама. Во прв ред дојдов овде да ја изразам нашата обврска кон Естонија којашто е нераскинлива“, изјави Обама на заедничката прес-конференција со естонскиот колега Томас Хендрик, потврдувајќи ја важноста на членот 5 од Северноатлантскиот договор со кој нападот врз некоја земја членка се смета за напад врз целиот Сојуз кој е обврзан да пружи помош.

„Русија веќе го трпи товарот од американските и европските санкции со кои е казнета поради однесувањето во Украина“, рече Обама појаснувајќи дека капиталот веќе бега од Русија, дека рубљата остро паднала и дека тоа е можност Русија нешто да стори.

Американскиот претседател, исто така, порача дека сите членки НАТО мораат да ги подмируваат своите финансиски обврски за заедничката одбрана. Имено само четири од 28-те земји членки на НАТО издвојуваат по два и повеќе отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната, а тоа се САД, Велика Британија, Грција и Естонија, што е и една од причините зашто Обама го одбра токму Талин за посета пред почетокот на самитот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија9 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија10 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ13 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија13 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет15 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет15 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет16 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион16 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет16 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...