Контакт

Вести

Обама и воените команданти на коалицијата ги координираат плановите против IS

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама има рекол ноќта кон средата во Вашингтон на воените команданти на дваесетина земји од коалицијата предводена од САД дека е длабоко загрижен поради напредувањето на радикалната џихадистичка група Исламска држава кон курдскиот град Кобане во северна Сирија и во западен Ирак.

dobivaj vesti na viber

Меѓутоа, како што забележува Reuters во својот извештај, претседателот Барак Обама не навестил можност од промена на долгорочната стратегија на САД којашто во „претстојните месеци ќе доживее подеми и падови“, иако се чувствува сѐ посилен притисок врз коалицијата да ја спречи Исламската држава во заземањето на уште поголема територија од онаа што ја владее во моментов во делови на Сирија и Ирак каде што во јуни прогласија „исламски калифат“.„Ова ќе биде долга борба“, изјавил Обама пред воените команданти на средбата во воздухопловната база Ендрјус близу Вашингтон. Својот говор го одржал по воздушните напади изведени под водство на САД врз цели на Исламската држава во околината на Кобане во близина на турската граница, каде што курдските борци настојуваат да ги одвратат нападите на џихадистите.Обама рекол дека моменталниот фокус е насочен на борбата во Анбар, ирачки град додавајќи: „Длабоко сме загрижени поради ситуацијата во сирискиот град Кобане и неговата околина, која покажува колкава закана претставува Исламската држава за Ирак и за Сирија“. Американските единици настојувале да го спречат влегувањето на борците на Ал Каеда во Анбар во текот на војната во Ирак, но дека сега исламските радикали од Исламската држава може да го заземат овој град. Коалицијата воздушните напади ќе ги продолжи во двете области, додал Обама.Н средбата на воените команданти од 22 земји, присуствуваат и претставници на Турција и на Саудиска Арабија, а средбата ја води американскиот генерал Мартин Демпси, командант на американскиот здружен штаб.Американски неименуван функционер изјавил за Reuters по разговорите дека силите на исламската држава и покрај воздушните напади, сепак напредуваат на теренот, додавајќи дека сепак чувствува дека на крајот коалицијата ќе победи. „Краткорочно успеаја да напредуваат. Долгорочно, тоа ќе се промени“, изјавил американскиот функционер и додал дека коалицијата ќе ја прилагоди својата тактика имајќи го предвид фактот дека борците на Исламската држава се кријат меѓу локалното население, па потешко е да бидат откриени. Портпаролот на Советот за безбедност на Белата куќа, Алистер Бескеј, изјави дека состаноците се одржуваат „во рамките на настојувањата да се изгради коалиција и да се интегрираат можностите на секоја земја да придонесе за пошироката стратегија“. Претседателот Обама, пак, истакна дека кампањата сѐ уште е на почетокот. „Ќе има денови на напредување и е има периоди на назадување“, рече, но додаде дека „нашата коалицијата е обединета во ова долгорочно настојување“.Американската армија објави дека американските и саудиските авиони во последните два дена извршиле 21 воздушен напад врз областа околу Кобане. Цел на нападот била да се прекине снабдувањето и да се сопре доаѓањето на засилувањата.Белата куќа соопшти дека на состанокот присуствувале претставниците на Австралија, Бахреин, Белгија, Канада, Данска, Египет, Франција, Германија, Ирак, Италија, Јордан, Кувајт, Либан, Холандија, Нов Зеланд, Катар, Саудиска Арабија, Шпанија, Турција, Обединетите арапски емирати и на САД. Клучно беше доаѓањето на воените претставници на Турција, имајќи предвид дека Анкара е под притисок дека мора да има поактивна улога во справувањето со Исламската држава, и претходно седмицава се согласи да ги опреми и вежба сириските вооружени групации кои во прв ред се борат против силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а кои наводни ќе се орат и против исламистите.Американски и турски функционери за AFP рекле деја двете земји разговараат за можноста земјите од коалицијата да ја користат турската воена инфраструктура против Исламската држава, што претходно во неделата Анкара го одби, поставувајќи услови за создавање на тампон зона на сириска територија и зона на забранети летови над северна Сирија, слично како и при меѓународната интервенција во Либија 2011-та, со цел да доведе до паѓање на власта во Дамаск./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија29 минути

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет4 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет4 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет5 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет5 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа5 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет5 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет11 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет11 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет13 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија15 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија16 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет16 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет17 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет18 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет19 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет20 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет23 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...