Вести
Обама ја исклучува можноста за воена конфронтација меѓу Русија и НАТО
Американскиот претседател Барак Обама ја отфрли можноста за воена конфронтација меѓу НАТО и Русија поради украинската криза.
„Не, јас не мислам дека е можна воена конфронтација меѓу НАТО и Русија“, изјави американскиот претседател во интервјуто за емисијата „60 minutes“ на телевизиска мрежа CBS News.
Обама во интервјуто се осврна и на тоа што Русија, Украина и Европската унија изминатата седмица го договорија гасниот ткн „зимски план“, но дека сé уште постојат нијанси во ставовите за негово остварување. Истакна дека постои можност за политичко решени ена украинската криза повикувајќи се на резултатите од трипартитните разговори за гасниот проблем меѓу Москва и Киев со посредство на Брисел, кои минатата седмица се одраа во Берлин.
„Според тоа, тие (Украина) нема да се смрзнат оваа зима“, изјави Обама одговарајќи на прашањето поттикнато од изјавата на украинскиот премиер Арсениј Јаценјук дадена на брифингот со новинарите минатата седмица во Њујорк каде што присуствуваше на 60-та сесија на Генералното собрание на ОН. Тој ја обвини Москва дека сака „да не смрзне“ како дел од нејзината стратегија во однос на Украина чие ново раководство се сврти кон Западот и настојува на стане членка на НАТО во непосредното соседство на Русија.
Според прелиминарниот договор, Русија и Украина, треба да го потпишат ткн „зимски пакет“ документи за испорака на руски природен гас на Украина, која беше прекината во средината на јуни откако руската државна компанија „Газпром“ соопшти дека украинската страна не исплатила ниту една рата од својот долг кој надминува 5,4 милијарди долари. Станува збор за испорака во текот на следните шест месеци на 5 милијарди кубни метри гас со можност за зголемување. За тој период утврдена е цена од 385 долари за 1.000 кубни метри гас, цена што ја плаќаат европските корисници. Меѓутоа, претходно Киев треба да плати одредени суми од долгот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.