Вести
Обама ја осуди ‘хистеријата’ во САД околу бегалците
Американскиот претседател Барак Обама ја осуди во средата „хистеријата“ којашто ги зафатила САД околу опасноста по националната безбедност којашто би ја претставувале сириските бегалци кои треба да бидат прифатени во земјата, обвинувајќи ги републиканците дека се плашат од „вдовици и сирачиња“.
Во рамките на самитот во Манила, Барак Обама многу остро ги критикуваше своите опоненти откако американските републиканци во Конгресот објавија дека сакаат привремено да ја суспендираат неговата одлука за прифаќање на сириските беглаци во САД, истакнувајќи ја „сириската врска“ и сирискиот пасош пронајден крај телото на еден од бомбашите самоубијци во париските терористички напади.
Повиците на различните третирања на христијаните и другите „се шокантни и спротивни на американските вредности“, изјави американскиот претседател оценувајќи дека оваа предизборна дебата ѝ одговара само на Исламската држава. „Не можам да замислам помоќно средство за регрутирање во Исламската држава од реториката во оваа дебата“, рече Обама.
„Подобро да се спречи отколку да се лечи“, појасни републиканскиот претседател на Претставничкиот дон Пул Рајаб, по тридневната ескалација на политичката реторика на САД. Повеќе од половината гувернери на сојузните држави и мнозинството републикански кандидати за претседателските избори следната година се против прифаќањето на сириските бегалци,.
„Некои …. играат на адутот на стравот за да добијат политички поени или да ја унапредат својата кампања и тоа е неодговорно. Тоа мора да престане, бидејќи е неодговорно“, порача американскиот претседател.
„Не смееме да им се препуштиме на стравот и на паниката како одговори на терористичките напади. Не носиме правилни одлуки, доколку се втемелени на хистеријата или увеличувањето на опасноста“, порача Обама.
Белата куќа изврши притисок врз гувернерите на 34 од 50-те сојузни американски држави кои ги избегнуваат мерките за да го избегнат распоредувањето на бегалците.
„Администрацијата ги извести гувернерите за многу ригорозната постапка при контролата на пропуштање на имигрантите којашто трае речиси 90 минути. Бегалците се подвргнати на најстрогата можна постапка. Разузнавачките служби во целост ги одобруваат“, рече Обама./крај/мф/сн.
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.