Вести
Обама ја заврши турнејата во Европа, со сојузниците за Либија и Сирија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/kameron20obamaoland20merkel20renci.jpg)
Американскиот претседател Барак Обама во понеделникот во германски Хановер ја заврши својата посета на Европа, откако од четвртокот вечерта допатува во британската престолнина Лондон, а последниот ден го мина во разговор со челниците на четирите европски држави за проблемите со присутноста на џихадистичката група Исламска држава во Либија и заедничката поддршка за новата влада на национално единство која ја поддржуваат Обединетите нации.
Заминувањето од Германија на американскиот претседател Барак Обама, негова петта на оваа земја во двата мандата, е една од последните негови во својство на челник на САД, во чиј тек ја посети Саудиска Арабија и на Велика Британија.
По разговорите на Обама со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот и италијанскиот премиер Дејвид Камерон односно Матео Ренци, канцеларката даде куса изјава во којашто истакна дека петте земји „ќе сторат сé за заеднички да работат“ на поддршката на новата либиска влада, востоличена во март, но кој сé уште не ја доби потврдата на избраниот парламент во источниот град Тобрук.
Меркел додаде дека челниците не разговарале за можното распоредување на НАТО сили, укажувајќи на ткн операција „Софија“ насочена кон шверцерите на мигранти којашто е веќе активна во близина на либискиот брег.
Обама неодамна призна дека воената интервенција и недостигот од план за Либија во периодот по соборувањето и ликвидацијата на либискиот децениски челник Моамер ел-Гадафи, е најголемата грешка во неговиот претседателски мандат.
Во саботата во Хановер, пак, Обама рече дека на светот му е потребна силна и обединета Европа, во време кога опстојувањето на Европската унија е во криза поради референдумот во јуни во Велика Британија за излегување од ЕУ и јакнењето на евроскептиците и десните партии поради неспособноста на Брисел да се справи со масовната мигрантска криза.
Обама, исто така, во понеделникот најави испраќање дополнителни 250 американски специјалци во Сирија за да ги помогнат бунтовничките сили кои ги поддржува Западот во борбата против џихадистите од Исламската држава. По завршувањето на посетата, Белата куќа соопшти дека претседателот и челниците на Германија, Италија, Велика Британија и Франција ги повикале сите страни во Сирија да го почитуваат договорот за прекинот на непријателствата и да придонесат за ефикасноста на мировните преговори.
„Ги повикаа сите страни да го почитуваат прекинот на огнот, да им овозможат пристап на хуманитарните организации и да придонесат за успехот на женевските преговори за политичката транзиција“ во Сирија, соопшти Белата куќа./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.