Вести
Обама му се заканува на Путин кој бара безусловен прекин на огнот и директни проговори

Во телефонскиот разговор во понеделникот навечер, американскиот претседател Барак Обама му се заканил на својот руски колега Владимир Путин со нови санкции доколку според него Русија не го сопре влегувањето на оружје во Украина и не престане да ги подржува бунтовниците, додека рускиот челник истакнал дека за реализација на мировниот план на украинскиот претседател Петро Порошенко неопходно е има вистински прекин на огнот и да започнат директните преговори на завојуваните страни.
Американскиот претседател Барак Обама во текот на телефонскиот разговор ја повикал Москва да преземе „конкретни мерки“ за ублажување на напнатоста во Украина, соопшти Белата куќа.„Иако мислиме дека и натаму е можно дипломатско решение, Русија повторно ќе плати доколку не видиме конкретни мерки за намалување на тензии“, изјави портпаролот на на Белата куќа, Џош Ернст.Кремљ во своето соопштение за телефонскиот разговор на двајцата челници информираше дека рускиот претседател Владимир Путин ја истакнал важноста од билатералното примирје и директните разговори меѓу двете страни. „Путин нагласи дека вистинскиот прекин на судирите и почетокот на директните преговори меѓу спротиставените страни е најголемиот приоритет за нормализација на ситуацијата во регионите на југоистокот од Украина“, се вели во соопштението на Кремљ.Обама и Путин, исто така, ја истакнале и важноста од брзо решавање хуманитарните прашања, вклучително и итната помош за настраданото населени во југоисточна Украина.Претходно во понеделникот новиот украински министер за надворешни работи Павло Климкин во Луксембург пред европските колеги го претстави мировниот план на претседателот Петро Порошенко, кој во неделата доби поддршка од Путин.Путин и Обама, покрај за украинската криза, во телефонскиот разговор изразиле и сериозна загриженост за дејствијата во Ирак на џихадистичката група Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL), при што рускиот челник „ја истакнал својата поддршка за напорите на Багдад во борбата со исламистите и за враќање на мирот и безбедноста во земјата“. Исто така, било разговарано и за ситуацијата во Сирија, при што вниманието на двајцата претседатели било насочено на процесот на отстранување на хемиското оружје од земјата, како и преговорите за иранската нуклеарна програма./крај/мф/сн
Извор: AFP/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.