Контакт

Вести

Обама на саудискиот крал му изразил загриженост за човековите права

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама и саудискиот крал Салман разговарале на двочасовната средба во средата за судирите на Блискиот исток, соопшти ноќта кон четвртокот Белата куќа, известувајќи и дека челникот на САД изразил загриженоста за состојбата со човековите права во монархијата која го форсира вехабитскиот облик на исламот, но не извести дали станало збор за актуелната криза во односите, откако во Конгресот се подготвува закон со кој Саудиска Арабија ќе биде делумно одговорна за терористичките напади на Ал Каеда од 11-ти септември 2001-та.

dobivaj vesti na viber

„Двајцата челници го потврдија историското пријателство и длабокото стратешко партнерство меѓу Соединетите држави и Саудиска Арабија“, соопшти Белата куќа.

Разговорите со 80-годишниот крал Салман се обид на Белата куќа да ги стивне тензиите со долгогодишниот регионален сојузник, коментираат американските медиуми. Одбивањето на администрацијата на Обама воено да интервенира во Сирија во полза на соборување на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад, кој е непријател на сунитската династија во Саудиска Арабија, преговорите со шиитски Иран, ги разгневија сунитските монархии во Персискиот залив.

Медиумите кои предвидуваа дека ќе се случи уште еден „стерилен“ состанок кој ќе се сведе на официјална фотографија, Белата куќа ги потсети дека Вашингтон и Ријад имаат цврст сојуз „долг повеќе од 70 години“.

„Односот секогаш беше сложен, но постои основа за соработка околу заедничките интереси, особено борбата против тероризмот“, тврди Бен Родс, поранешен прв советник за национална безбедност на претседателот Обама.

Обама ја пофалил „хуманитарната помош“ на Саудиска Арабија во соседен Јемен, иако таа во оваа земја изведува воздушна кампања против побунетите шитиски племиња и поранешниот претседател, зборувал за потребата повеќе да му се помогне на доминантно мнозинскиот шиитски Ирак во борбата со екстремната сунитска организација Исламска држава, а за судирот во Сирија изразила поддршка за политичката транзиција, соопшти Белата куќа.

Пред состанокот со кралот Саламан, американскиот претседател разговарал со престолонаследникот шеикот Мохамед бин Заед ал-Нахазџан за регионалните судири на Блискиот исток, известува, исто така, Белата куќа, во чие соопштение се додава дека се согласиле оти е неопходно да се запре судирот во Јемен и да се даде меѓународна поддршка за новата влада на национално единство на Либија.

Средбите на американскиот претседател со саудискиот монарх и престолонаследникот се одржаа ден пред самитот во четвртокот на Советот за соработка меѓу земјите на Персискиот залив (GCC). Монархиите, а освен Саудиска Арабија, тука се и Кувајт, Катар, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Оман, очекуваат јакнење на американската воена помош, но и конкретна помош во борбата против дестабилизаторските кибернетички напади.

Генералниот секретар на GCC изјави дека овој блок и САД ќе одржуваат заеднички поморски патроли за да го запрат наводното криумчарење на оружје од Иран. Американски функционери, пак, велат дека такви патроли веќе се спроведуваат и оти тоа не е новина.

Повеќето сунитски монархии од Заливот се разочарани од Обама кој во двата мандата се држеше подалеку од регионот и со тоа сметаат дека му дал голем простор на нивниот голем ривал шиитски Иран. Обама пред патувањето изјави дека сака да ги увери заливските монархии во вредноста на „студениот мир“ со Техеран кој ќе ги смири секташките напнатости и ќе им овозможи на сите страни да се концентрираат на сузбивањето на најголемата закана за сите, џихадистичката Исламска држава.

Претседателот Обама во Ријад е придружуван од министерот за одбрана Ештон Картер и советничката за национална безбедност Сузан Рајс, како и директорот на Централната разузнавачка агенција (CIA), Џон Бренан, што јасно укажува дека во фокусот на посетата е безбедносната ситуација.

Во соопштението на Белата куќа не се споменува дали на двете средби било разговарано за законот кој го предложи американскиот Конгрес, а кој доколку биде прифатен, би овозможил Саудиска Арабија да биде во извесна мера сметана за одговорна за терористичките напади од 11-ти септември 2001 година, кои ги изведе Ал Каеда, со близу три илјади жртви.

Од минатиот петок, прво весникот The New York Times, а потоа и другите американски медиуми пишуваат дека саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубери им порачал на претставниците на американскиот Конгрес дека неговата земја ќе биде принудена да ги продаде сопственостите во САД во износ од 750 милијарди долари во кои спаѓаат и американските државни обврзници, како одговор на изгласувањето на споменатиот закон според кој терористичката мрежа Ал Каеда и терористичките напади од 11-ти септември 2001 година биле финансирани со пари на Саудиска Арабија.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дека претседателот Барак Обама не го поддржува тој закон, и дека нема да го потпише. Со законот би се овозможила тужба против саудиските власти пред американските судови за улогата на оваа земја во 11-септемвриските напади.

„Доколку ја отвориме можноста поединци во САД да можат да тужат други влади, тогаш ја отвораме и можноста поединци да ги тужат САД во други држави“, изјави Обама во интервјуто за телевизиската мрежа CBS во понеделникот.

Повеќето од 19-те напаѓачи од 11-ти септември 2001 година биле државјани на Саудиска Арабија, кои грабнаа четири патнички авиони и ги урнаа во њујоршките „Кули близначки“ на Светскиот трговски центар и зградата на Пентагон во Вашингтон, а еден беше соборен во Пенсилванија, наводно при обидот на патниците да го попречат киднапирањето на авионот.

Американската истрага досега децидно не тврдеше дека има вмешаност или поддршка на саудиската влада во овие терористички напади.

Меѓутоа, првиот заменик помошник на американскиот претседател за национална безбедност Бен Родс, во понеделникот вечерта изјави дека терористичката организација Ал Каеда била основана со пари од Саудиска Арабија, вклучително и од членови на нејзината влада.

Изјавата на Родс, дадена пред патувањето на Обама за Саудиска Арабија, само ја потврди крајната напрегнатост во односите меѓу двете земји.

„Не дека политиката на владата на Саудиска Арабија ја поддржувала Ал Каеда. Но имало многу богати луѓе во Саудиска Арабија, кои донирале, понекогаш и директно, на терористичките групи“, изјави Родс за поткастот кој го води поранешниот главен советник на Обама, Дејвид Акселрод. Родс додаде дека „многу пари во првата фаза од проектот Ал Каеда“ дошле токму од Саудиска Арабија.

Притоа, според него, меѓу оние коишто ги финансирале терористите, имало и функционери на саудиската влада и членови на нивните семејства. „Во крајна линија, недоволно внимание било посветено на тоа каде во текот на сите тие години одат парите од државниот апарат“, рече Родс./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет5 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија7 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија11 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ12 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија13 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија13 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија14 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија16 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет18 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет18 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија19 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...