Вести
Обама: Нападот во Орландо е чин на терор и омраза

Американскиот претседател Барак Обама го осуди во неделата најголемиот масакр во современата историја на САД во кој 50 луѓе се убиени во ноќен геј клуб во Орландо на Флорида, нарекувајќи го чин на терор и омраза.
Американскиот претседател Барак Обама го осуди во неделата најголемиот масакр во современата историја на САД во кој 50 луѓе се убиени во ноќен геј клуб во Орландо на Флорида, нарекувајќи го чин на терор и омраза.
„Сега знам доволно за да можеме да кажеме дека тоа е чин на терор и омраза. Но никаков акт на терор и омраза не може да го промени она што сме“, изјави американскиот претседател Барак Обама во кусата изјава кој директно беше пренесувана од Белата куќа/
Нападот за кој е осомничен 29-годишниот Американец од авганистанско отекло Омар Садик Матин, за кој џихадистичката сунитска организација Исламска држава ја презема одговорноста нарекувајќи го Матин свој борец, се случи во време кога во САД се заострува реториката во однос на прашањата за хомосексуалците и муслиманите, во прв ред поради претседателската трка.
Кандидатот на Републиканската партија, милијардерот Доналд Трамп, кој по низата исламистички напади во Европа и во САД предизвика бурни дебати со идејата на муслиманите привремено да им се забрани влез на муслиманите на американска територија, по нападот во Орландо порача дека бил во право во врска со радикалниот исламистички тероризам.
Трамп побара оставка од претседателот Обама, доколку не сака да го користи терминот радикален исламски тероризам кој често го користи американката десница. Но Обама одбива да го употреби, со образложение дека со тоа би стигматизирал цела една заедница.
Обама оцени дека Федералното истражно биро (FBI) постапило исправно што ја започна истрагата за тероризам, иако мотивите на убиецот досега уште не се најјасни.
Напаѓачот Матин, роден во Њујорк а последниот период живеел на Флорида, делувал сам и е застрелан во престрелката со полицијата по тричасовната заложничка драма во ноќниот клуб во центарот на Орландо.
Според сознанијата на американските телевизиски мрежи CNN и NBC News, Матин наводно изразил лојалност на Исламската држава во текот на повикот до бројот на службата за итни ситуации. Новинската агенција Amaq, тесно поврзана со џихадистите, исто така, тврди дека тој е борец на Исламската држава. Претходно на акаунти на Twitter кои ги користат исламските радикали беше објавена негова фотографија со потврда дека тој е извршителот на масакрот во Орландо.
Според последните информации во медиумите во САД, бројот на жртвите се движи меѓу 49 и 53, со 53 до стотина ранети и повредени. Поради овој напад министерот за внатрешна безбедност Џех Џонсон и минстерката за правда Лоета Линч го откажаа учеството на министерската седница предвидена во Пекинг./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.