Контакт

Вести

Обама не отфрла дека нападот во Калифорнија е поврзан со тероризмот

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама не исклучи во четвртокот дека оружениот напад кој ден претходно се одигра во местото Сан Бернардино во сојузната држава Калифорнија, може да е поврзан со тероризмот и ги повика Американците вистински да размислат за проблемот со огненото оружје, многу подлабоко од која и да е анкета, па колку и опширна таа да е.

dobivaj vesti na viber

„Постои можност инцидентот да е поврзан со тероризмот, сé уште не знаеме“, изјави американскиот претседател Барак Обама по средбата со членовите на Советот за национална безбедност во Белата куќа.Истакна дека во истрагата ќе биде ангажирано Федералното биро за истраги (FBI) „во тесна соработка со локалните власти“. „Засега не ги знаеме причините за оваа страшна трагедија. Непознати ни се мотивите’, рече Обама. Според него, лицата кои пукале „имале пристап до оружје, кое го имале дома“. Се чини дека 28-годишниот Саид Фарук и 27-годишната Ташфин Малик, двојката која уби 14 и рани 17 лица, тоа го сториле со добро осмислен план, бидејќи во нивниот дом бил пронајден огромен арсенал муниција и дури 12 импровизирани експлозивни направи. Саудиската амбасада во Вашингтон објави дека Фарук во летото 2014 година девет дена престојувал во Саудиска Арабија.Двајцата напаѓачи беа убиени за време на обидот да бидат уапсени. Според првичните сознанија, осомничените биле во интимни односи. Истрагата претпоставува дека Фарук прво присуствувал на прославата салата во центарот, а потоа се вратил таму со соучесничката и отворил оган од автоматско оружје.Според полицискиот началник на Сан Бернардино, Џерод Бергуан, Фарук и Малик во моментов се единствените осомничени за нападот, иако претходно постоеја информации за можен трет напаѓач. Бергуан, исто така, истакна дека мотивите на напаѓачите засега се непознати.Министерството за правда е подготвено „да ја обезбеди сета неопходна помош“ во истрагата за трагедијата., рече јавниот обвинител Лорета Линч. Според неа, станува збор „неопислив акт“ на вооружен напад, извршен од двајца злосторници во центарот за помош на луѓе со ограничени можности.Според податоците на министерството за правда, американската влада во овој момент малку знае за несреќата. Но, тоа е доволно да се стави на располагање на истрагата која ја водат агентите на FBI, полициските служби и другите федерални агенции, додаде Линч.Во меѓувреме шефот на медицинскиот центар при Универзитетот Лома-Линда, Кери Хејнрич, изјави дека најмалку две лица од ранетите во пукањето во Сан Бернардино се во критична состојба. Според него, состојбата на други тројца пациенти е „релативно задоволителна“.Во медицинскиот центар Лома-Линда се хоспитализирани петмина од ранетите. Уште петмина се во регионалниот медицински центар Ароухед, чија состојба е стабилна, според портпаролката на властите на округот Сан Бернардино, Фелиса Кордона. Прецизираше дека еден од ранетите бил отпуштен уште во средата. Нема податоци за состојбата на уште седумте ранети.Станува збор за еден од најкрвавите инциденти во САД во кој е употребено огнено оружје од 14-ти декември 2013 година, кога 20-годишниот Адам Ланза во училиштето „Сенди хук“ во Њутаун, во сојузната држава Конектикат, уби 26 лица од кои 20 беа деца на возраст меѓу 6 и 7 години. Претседателот Обама, исто така, ја искористи приликата уште еднаш да ги повика сограѓаните да размислата за проблемот со слободното поседување и носење оружје во САД.  Американските медиуми истакнуваат дека откако се всели во Белата куќа во 2009 година, тој веќе по 18-ти пат повикува на својата инцијатива по инциденти со огнено оружје со повеќе жртви.„Мораме, како општество, да се преиспитаме за да преземеме мерки кои нема пристапот до огнено оружје да го оневозможат, но ќе го отежнат. Не можеме да се препуштиме безбедносните сили самите да се занимаваат со таквите ужасни пукања. И ние во тоа имаме своја улога“, рече американскиот претседател во кусото обраќање од Овалната соба, повторувајќи притоа дека не исклучува ниеден мотив за нападот, па ниту тероризмот.Од доаѓањето на претседателската должност, Обама нескриено настојува да ги заостри законите кои се однесуваат на поседувањето и носењето огнено оружје, но засега нема успех во тие напори. Свесен за односот насилите во американскиот Конгрес, во кој во двата дома мнозинството го имаат републиканците кои се против ваквите поостри одредби, што ги прави невозможни сите законски измени, барем во догледна иднина, Обама сега се одлучи директно да им се обрати на граѓаните, барајќи од Американците тоа прашање да им го поставуваат на своите избрани претставници, при што ги истакнува резултатите од испитувањето на јавното мнение кои покажуваат блага наклонетост кон измените на законодавството за поседување огнено оружје. на Со околу 270 милиони парчиња огнено оружје во оптек, САД се земја којашто има најмногу огнено оружје по глава на жител, односно 89 парчиња оружје на 100 жители, меѓу сите развиени земји. Повеќето од оружјата кои биле употребени во масовните убиства во САД, се купени во согласност со законот.„Важно е сите ние, вклучително и оние коишто ги носат законите, да утврдиме што можеме да сториме за да осигуриме дека кога некој поединец сака да нападне друг поединец, тоа да му биде потешко. Денеска е прелесно“, повтори Обама, како и при секој вакво вооружен инцидент со поголем број жртви./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија7 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија8 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ11 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија11 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет13 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет13 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет14 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион14 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет14 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...