Контакт

Вести

Обама: Нетанјаху нема трајно да им наштети на односите

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека планираниот говор на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес претставува само „одвлекување на вниманието кое нема трајно да им наштети“ на односите меѓу двете земји.

dobivaj vesti na viber

Челникот на САД, Барак Обама, сепак, силно го критикуваше ставот на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во врска со преговорите на светските сили со Иран околу неговата контроверзна нуклеарна програма, оценувајќи дека меѓу нив двајцата постои „суштинско несогласување“ за тоа како да се оствари заедничката цел во настојувањата са се спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје.

Преговорите кои се водат меѓу шесте светски сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) и Иран за конечниот договор со кој би се ограничило иранското збогатување на ураниумот во замена за укинување на децениските економски санкции, сега влегуваат во критичната фаза, бидејќи преговарачите мораат рамковниот договор да го постигнат до крајот на март, а конечниот до крајот на јуни. Со тоа треба да ја отстранат опасноста иранската нуклеарна програма да влијае врз подигнувањето на неговиот воен потенцијал.

Нетанјаху настојува споменатиот договор да пропадне, како и повеќето американски републиканци, кои се противат на каков и да е компромис со Иран. Обама, меѓутоа,м во овие разговори го вложи сето свое влијание и реноме, како и досегашен политички капитал, и нема намера да се откаже од договорот.

Израелскиот премиер кој во вторник навечер по македонско време ќе зборува во Конгресот, каде што беше повикан од републиканскиот претседател Џон Бонер, зад грбот на Белата куќа, тврди дека договорот со Иран е штетен и опасен, и е убеден дека негова „света должност“ е да предупреди на тоа.

„Знаете, Иран е подготвен на тоа двоцифрен број години да ја држи својата нуклеарна програма да ја држи таму каде што е во моментов. Всушност, дури е подготвен да уназади некои нејзини елементи…, доколку тоа го добиеме, а имаме начини како тоа да го проверуваме, нема други чекори коишто не можеме да ги преземеме како гаранција дека немаат нуклеарно оружје“, изјави американскиот претседател Обама во интервјуто за Reuters.

Решителната одбрана на Обама на можниот договор со Иран доаѓа во периодот кога неговата администрација е изложена на критики „дека премногу“ сака да го склучи тој договор, да му попушти на Иран и така да му овозможи во догледно време да стане нуклеарна сила, од што стравува Израел, кој инаку не признава јавно дека е нуклеарна земја, имајќи ги предвид нетрпеливостите меѓу двете блискоисточни земји.

Американскиот претседател го критикуваше планот на републиканските конгресмени, но и на некои негови демократски, да наметнат дополнителни санкции доколку договорот не биде постигнат до 30-ти јуни. Обама смета дека тоа може да ги поткопа многу сложените преговори. „Искрено, помалку сум загрижен од коментарите на Нетанјаху, отколку од некои најави од Конгресот коишто би можеле да ги поткопаат преговорите пред да бидат завршени“, изјави американскиот челник.

И покрај напредокот во разговорите, Обама мисли дека шансите да се дојде до конечен договор и натаму се помали од 50 отсто. „Би рекол дека сé уште е поверојатно дека Иран ќе каже ’не’, но морам да бидам чесен кон нив и да признам дека сериозно преговараат и дека имаат комплицирана политика во самиот Иран. Денес, секако, сме поблиску до договор, отколку пред пет месеци“, рече американскиот претседател.

Обама рече и дека неговиот судир со Нетанјаху, кој ќе зборува во Конгресот само две седмици пред парламентарните избори во Израел, што исто така беше критикувано како воведување на партизирањето во американско-израелските односи, не е од личен карактер и дека ќе се сретне со него доколку победи на изборите на 17-ти март. Овојпат, меѓутоа, нема да ги прими никој од администрацијата на Обама. Обама нема да го прими Нетанјаху, и незапаметено е кога претходно странски државник ги посетил САД а да не се сретне со американски претседател. Потпретседателот Џозеф Бајден, пак, „мора итно“ да замине на службено патување во Уругвај, а ниту државниот секретар Џон Кери „нема да биде на располагање“, како што се изразија од неговиот кабинет.

Нетанјаху у претходно се измами околу договорот кој се сака да се потпише со Иран, истакна Обама. Го наведе примерот на преодниот договор од 2013 година кој делумно ги замрзна иранските нуклеарни активности во замена за делумното укинување на санкциите. „Нетанјаху сешто зборуваше за Иран. Зборуваше ’тоа ќе биде лош договор’. Тоа ќе му овозможи на Иран да добие 50 милијарди долари. Иран нема да го почитува договорот’, но ништо од тоа не се оствари“, изјави Обама во интервју за агенцијата Reutеrs. „Се покажа токму спротивното, Иран во тој период не напредуваше во развојот на нуклеарната програма“, истакна американскиот претседател./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија8 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија9 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија11 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион12 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија12 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија12 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет15 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа16 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет17 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа17 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет17 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет17 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија18 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...