Контакт

Вести

Обама објави дека во нападите е уништено оружјето на ирачките џихадисти

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама изјави во саботата дека во американските воздушни напади е уништено вооружувањето и опремата со коишто џихадистите од Исламската држава (IS) можеа да го нападнат Ербил, главниот град на ирачките Курди, но предупреди дека операцијата во Ирак би можела да потрае извесно време.

dobivaj vesti na viber

„Не мислам дека тој проблем ќе се реши во рок од неколку седмици. Ќе ни биде потребно извесно време“, изјавил американскиот претседател Барак Обама за медиумите истовремено најавувајќи дека британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе ги поддржат хуманитарните напори на САД во северен Ирак каде што се наоѓа полуавтономната област на ирачките Курди.„Двајцата изразија поддршка за нашето дејствување и се согласија да учествуваат во пружањето на хуманитарната помош којашто им ја нудиме на Ирачаните кои најмногу трпат. Америка е повторно горда што дејствува покрај најблиските сојузници и пријатели“, додал американскиот претседател.„Верувам дека можеме да ја спречиме Исламската држава да се упатат кон планините и да ги убиваат луѓето коишто таму се засолнале, но идната етапа ќе биде сложена на логистичко ниво: како да им се обезбеди на тие луѓе да се симнат од планините и каде да идат сместени за да бидат сигурни. За тоа мораме да се договориме на меѓународно ниво. Тоа ќе биде долгорочен проект“, ја опиша Обама ирачката операција на прес-конференцијата пред од Вашингтон да отпатува на двенеделен годишен одмор во Масачусетс.Обама истакнал дека САД ќе продолжат да им даваат техничка помош и совети на ирачката влада и на курдските борци – пешмергите, но неколкупати и посочил дека е важно Ирачаните самите да ја изберат владата на широко национално единство по побрзо. „Мислам дека ова е повик за будење на Ирачаните во Багдад кои би требало да размислат дали прават доволно за да ја сочуваат целокупноста на земјата“, рекол Обама.Американскиот претседател во четвртокот навечер ги одобри воздушните удари во Ирак за да „избегне геноцидот“  над ирачките етнички и верски малцинства, како што се језидите и христијаните, како и да се „заштитат американските интереси“ во курдскиот град Ербил каде има четириесетина американски воени советници, кон кој џихадистите на Исламската држава се приближија на половина час возење. Притоа истакна дека нема да дозволи оваа радикална сунитска групација да ги оствари своите намери за формирање на калифатот кој го објавија откако заземаа големи области од Ирак и од соседна Сирија./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенирање на...

Топ28 минути

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ1 час

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Топ1 час

Се преврте возило со македонски регистарски таблички, загина сопатникот: тешка сообраќајна незгода во Србија

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово. Како што објави српски „Блиц“,...

Македонија2 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година. Според...

Регион2 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа4 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион5 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија5 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија5 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ16 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија17 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија17 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија18 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија21 час

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија22 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ23 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ1 ден

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион1 ден

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...