Вести
Обама остро ја нападна Русија за Сирија и Украина
Американскиот претседател Барак Обама со остри изрази во вторникот од говорницата на Обединетите нации ја опиша потпората на Русија за владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад во време кога е прекинато примирјето во Сирија, како и поради според него упадот на Русија во Украина.
Во ОН, каде што последен пат зборуваше, американскиот претседател Барак Обама, рече дека „Русија се обидува со сила да ја поврати загубената слава, преку воено вмешување во Сирија и во Украина“.
„Во светот кој зад себе го остави времето на царевите, ја гледаме Русија која се обидува да ја поврати славата сосила“, рече Обама во обраќањето на Генералното собрание на ОН. Директно не го спомена рускиот претседател Владимир Путин, ниту некој друг висок светски државник, алудирајќи дека тие „се обидуваат да се одржат на власт, било со постојани политички казни во своите земји или со создавање судири во странство“.
Кога станува збор за Сирија, Обама повика на продолжување на дипломатските напори и покрај пречките, заклучувајќи дека не постои воено решение на судирот. „Во Сирија во којашто на крајот нема да има воена победа, ќе мора да ја продолжиме тешката дипломатска работа со којашто се сака да се стави крај на насилството и да се достави помош на оние на коишто им е потребна“, изјави Обама во моментот кога Дамаск објави дека кревкото примирје пропаднало обвинувајќи ги за тоа бунтовничките сили кои ги поддржува Вашингтон, кои не се дистанцирале од џихадстичките групи според американско-рускиот мировен договор и продолжиле со нарушување на прекинот на огнот.
Американскиот претседател, исто така, го повика светот да стои повеќе за бегалците. „Мораме да сториме повеќе и да ги отвориме своите срца за бегалците коишто очајнички бараат дом“, рече Обама, и ги повика државите да помогнат, особено богатите земји да им помогнат на оние кои го понесуваат најголемиот товар од прифаќањето на бегалците.
Обама се заложи за глобална интеграција и ги осуди „желбите на изолационистите кои сакаат да креваат ѕидови“. „Денес државата опкружена со ѕидови ќе биде свој сопствен завор“, рече додавајќи дека државите наместо тоа треба да соработуваат за да осигурат сите да имаат полза од глобалните интеграции.
Обама нагласи дека растечката економска нееднаквост довела до зголемувањето на етничкото и верското секташтво како и до „агресивниот национализам и грубиот популизам“ во светот.
„Не можеме тоа да го игнорираме. Тоа го одразува незадоволството на премногу наши сограѓани“, рече Обама. Меѓутоа, додаде, „не можам долгорочно да понудам сигурност и просперитет“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.