Контакт

Вести

Обама предупредува дека на американските избори во прашање е самата демократија

Објавено пред

Актуелниот американски претседател Барак Обама предупреди во петокот дека во прашање е доведена „самата демократија“ на американските претседателски избори на 8-ми ноември, додека истовремено расте загриженоста на Белата куќа од лошиот ефект од кампањата на кандидатот на Републиканската партија, милијардерот Доналд Трамп.
 

dobivaj vesti na viber

Актуелниот американски претседател Барак Обама предупреди во петокот дека во прашање е доведена „самата демократија“ на американските претседателски избори на 8-ми ноември, додека истовремено расте загриженоста на Белата куќа од лошиот ефект од кампањата на кандидатот на Републиканската партија, милијардерот Доналд Трамп.

 

Учествувајќи во кампањата на кандидатката на својата Демократска партија, поранешната прва дама и државна секретарка Хилари Клинтон, во Кливленд во сојузната држава Охајо, претседателот Барак Обама го карактеризираше Доналд Трамп како потенцијален диктатор, но исто така изрази загриженост околу тоа на кој начин приврзаниците на републиканскиот кандидат би можеле да реагираат на неговиот изборен пораз.

Трамп минатата седмица се прогласи себеси „слободен“ во однос на стандардниот политички бонтон и упати низа многу жестоки и боли обвинувања на сметка на Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, потврдувајќи ги со сведоштва.

„Цивилизираноста е доведена во прашање. Толеранцијата е доведена во прашање. Пристојноста. Чесноста. Еднаквоста. Љубезноста е доведена во прашање. Во прашање е доведено целиот напредок што го имаме остварено изминатите осум години, Самата демократија сега е доведена во прашање“, редеше Обама обраќајќи се на собир на млади приврзаници во Кливленд.

Според американските медиуми, кои и инаку не му се наклонети на републиканскиот кандидат, популарноста на Трамп паѓа а неговата кампања запаѓа во хаос поради инкриминирачкото видео од пред 11 години и обвинувањето на неговото непристојно вулгарно однесување кон жените, тие го поставуваат прашањето дали контроверзниот могул на недвижнините воопшто ќе го признае поразот на изборите, доколку се случи тоа.

Минатата седмица Трамп ја мина во континуирани обвинувања за медиумите и „глобалната елита“ дека работат против него. „Хилари Клинтон во тајност се среќава со меѓународните банки за со нив да направи заговор против американскиот суверенитет и со тоа да ги зајакне глобалните финансиски сили, своите лични пријатели од интерес и своите донатори“, изјави Трамп на собирот на Флорида.

Обама, пак, ова обвинување кусо го коментираше со „Ама ајде, човеку!“ и додаде „Тоа е тип кој го минува целото свое време одејќи наоколу и настојувајќи сите да ги увери дека тој е глобалната елита“.

„Тој е некој кој сугерира дека доколку изборите не минат како што тој сака, тоа нема да биде поради тоа што тој го изговорил, туку затоа што изборите се наместени и затоа што станува збор за измама“, рече Обама додавајќи дека Трамп изгледа како „некој кој среде играта цело време нуди извинувања поради тоа што би можел да загуби“. „Не почнувате да се жалите на арбитрите пред играта да заврши, туку само играте, зарем не?“, рече Обама.

Алудирајќи на повторното добивање на контролата на Демократската партија над Конгресот, бидејќи истиот ден со претседателските се одржуваат и изборите за сите 435 конгресмени, Обама во Кливленд, исто така, остро ги прозва републиканците поради нивниот кандидат за претседател.

„Многу избрани републикански функционери само набљудуваат. Дозволија многу небулозни работи да бидат искажани и потоа неброени пати да бидат повторувани“, рече Обама.

„Бројни членови на Претставничкиот дом, многу членови на Сенатот само стоеја и не кажаа ништо бидејќи тоа би ја потресло нивната база“, додаде Обама оценувајќи дека тоа го овозможило појавувањето на Доналд Трамп./крај/мф/сн

Извор: Hina



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

Ким Џонг Ун најави зајакнување на нуклеарниот арсенал

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најави зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата и развој на нови стратешки системи за оружје,...

Регион1 час

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион1 час

(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна...

Регион2 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија14 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија14 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија16 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија18 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија19 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија20 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија20 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија20 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија21 час

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија21 час

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија21 час

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија21 час

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија22 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа23 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет24 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет1 ден

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...