Контакт

Вести

Обама сé уште не донел одлука за испраќање оружје на Киев

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Белата куќа изјави дека неговата администрација ги разгледува сите можности за решавање на кризата во Украина, истакнувајќи дека сé уште не донел одлука дали САД на Киев ќе му испорачаат смртоносно оружје како што изгласа во декември Конгресот, пренесуваат агенциите. 

dobivaj vesti na viber

Законот кој го донесе Конгресот на САД едногласно кон средината на декември одобрува нови санкции против Русија и испорака на смртоносно оружје за Украина. Испораката на такво оружје од САД во Украина беше можна веднаш, но е во надлежноста на американскиот претседател кој досега се противеше и одобри само помош во радари, возила, опрема за деминирање, ноќни визири, панцирни елеци и противминофрлачки радари. Последната седмица, по ескалацијата на судирите во источна Украина, админстрацијата на претседателот Барак Обама преку медиумите најави дека размислува за испраќање на оружје за украинската армија, што ја предизвика француско-германската иницијатива за постигнување мирно решение, стравувајќи дека американската одлука ќе придонесе за проширување на конфликтот.

Обама ја предупреди Русија дека „со сила не може да ја менува картата на Европа“, но нагласи дека САД „не сакаат да ја ослабат“ Русија во сегашната криза, којашто е најлошата меѓу двете супер сили од завршувањето на идеолошката блоковска Студена војна.

„Можноста за убиствено одбранбено оружје е едно од оние опции коишто се разгледуваат, но сé уште не сум донел одлука за тоа. Нашата цел не е да ја опремиме Украина за напаѓачки дејствија, туку само за да може да се одбрани“, истакна американскиот претседател.

„Меѓутоа, можеме ли да бидеме сигурни дека убиственото оружје коешто ќе и’ го испратиме на Украина ќе биде употребено на вистинскиот начин, дека нема да падне во погрешни раце, дека нема да предизвика преагресивни акции коишто Украинците не можат да ги поднесат? Какви реакции тоа ќе предизвика, не само меѓу сепаратистите, туку и кај Русите: Сето тоа се прашања коишто треба да се земат предвид“, предупреди и порача Обама.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека, и покрај тешкотиите во настојувањата да постигне дипломатско решение со Русија околу Украина, ќе ги продолжи тие напори, бидејќи Германија смета дека кризата не може да се реши на воен начин. Потсети дека веќе објави што мисли за испраќањето смртоносно оружје за Украина, но истакна и дека сојузот меѓу САД и Европа ќе остане цврст и тогаш која двете страни „нема да се согласат околу некои работи“.

„Како некој кој доаѓа од Европа, можам само да кажам дека доколку се откажеме од принципот на територијален интегритет, нема да можеме да го одржиме мирен поредокот во Европа. Доколку и во некој момент мора да се призне дека не можно да се оствари успех, дури и доколку е преземено сé, тогаш САД и Европа мора да седнат и заеднички да размислат за другите можности кои може да се преземат“, изјави Меркел.

Обама изјави дека „руската агресија само го зајакна единството на меѓународната заедница“, при што уште еднаш се заложи за дипломатско решение на украинската криза. Истовремено истакна дека, доколку во текот на претстојната седмица нема напредок во дипломатското решение на ситуацијата со Русија, САД и Европа ќе испратат силен заеднички одговор, независно од можните такктички разијдувања.

„И натаму настојуваме да постигнеме дипломатско решение, но јасно даваме до знаење дека ако Русија продолжи да се однесува како досега, што ја уништува нејзината економија и му штети на рускиот народ, а има ужасни последици по Украина, нејзината изолираност дополнително ќесе влоши, и политички и економски“, се закани американскиот претседател. Додаде дека САД ќе ги задржат на сила економските санкции против Русија и со меѓународните партнери ќе го јакнат дипломатскиот притисок врз Москва./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ1 час

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија2 часа

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија4 часа

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ5 часа

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија6 часа

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија7 часа

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија7 часа

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија7 часа

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет8 часа

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет8 часа

(Видео) Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет9 часа

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк првпат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет9 часа

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет9 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележано слабо цунами: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет9 часа

Трамп ја презеде контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија20 часа

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија1 ден

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија1 ден

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ1 ден

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....