Контакт

Вести

Обама смета дека Хилари Клинтон е способна да ги води САД

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама го истакнува „богатото искуство“ на неговата поранешна државна секретарка Хилари Родам Клинтон која учествува во трката за номинација на Демократската партија за негов наследник, една седмица пред почетокот на предизборите во сојузната држава Ајова, каде што битката во демократскиот табор може да биде особено жестока.

dobivaj vesti na viber

Во разговорот за весникот Politico, претседателот Барак Обама избегнува да се определи јасно за ниту еден од двајцата водечки кандидати за номинацијата на Демократската партија за претседателските избори во ноември годинава, Хилари Клинтон и Бени Сандерс, меѓутоа особен простор во разговорот ѝ отстапува на поранешната државна секретарка и прва дама на САД.

Сепак, тој истакнува дека за него во крајна сметка „приоритет број еден е да биде заменет од претседател демократ“.

„Нејзината сила, тоа што поседува богато искуство и многу добро ги познава сите прашања, може понекогаш да ѝ помогне да биде попретпазлива и да ѝ даде на нејзината кампања нота поблиска на прозата отколку на поезијата“, вели Обама.

На директното прашање „дали би бил многу задоволен, доколку како прв претседател афроамериканец биде заменет од првата жена претседател“, Обама одговара воопштено. „Воопшто сакам во нашата политика да има повеќе жени и за да моите ќерки чувствуваат дека за нив ништо не е невозможно“, вели челникот на САД.

Но говорејќи конкретно за Клинтон тој искажува големи комплименти. „…. Но тоа значи дека може да управува и да биде подготвена од првиот ден. Таа има повеќе искуство од кој и да е друг кој претендира на ова место…“, додава американскиот претседател.

Во некои од последните анкети Бени Сандерс е изедначен со Хилари Клинтон за демократските партиски предизбори кои на 1-ви февруари ќе се одржат во сојузната држава Ајова и кои се сметаат за многу значајни за натамошниот тек на кампањата. Подемот на сенаторот од Вермонт го изненади штабот на Клинтон по големата поддршка што таа ја уживаше во јавноста есенва и ја наруши размената на куртоазните реплики меѓу двата кандидата.

Одговарајќи на прашањето за споредбата, што американките медиуми редовно го истакнуваат, меѓу позицијата во која е Сандерс и онаа во која тој беше во 2008 година пред изборите во Ајова, Обама оценува дека таа е без основа. Имено Ајова има особено место во политичката кариера на Барак Обама. На демократските предизбори во 2008-ма, кога противкандидат му беше токму Хилари Клинтон, како тогашен сенатор од Илиноис Обама изненади со победата во Ајова, што го означи почетокот на патеката која го доведе до неговиот прв претседателски мандат.

„Мислам дека таа (споредбата) не е исправна“, одговара Обама, додавајќи дека иако реториката на двајцата кандидати „понекогаш се разликува“, заедничка им е подготвеноста за промени во врска со многу теми, од образованието преку даночниот систем до здравството.

„Мислам дека Хилари воедно имаше и повластица и товар од што ја сметаат за фаворит“, вели Обама, истакнувајќи дека во полза на Сандерс е тоа што е нов на домашната политичка сцена, иако долго е сенатор. „Луѓето секогаш се свртуваат кон она што е ново, и тоа е лошо за неа“, додаде фалејќи ја и „големата веродостојност“ на сенаторот од Вермонт.

Запрашан за коментар во врска со кампањата меѓу кандидатите на Републиканската партија, каде води ексцентричниот милијардер Доналд Трамп, Обама одговара дека според него „Трамп и до одреден степен (сенаторот Тед) Круз ги користат чувствата на гнев и разочарување“, коишто „реално постојат во Републиканската партија и републиканската (електорална) база“.

Меѓутоа, американскиот претседател изразува надеж дека непосредно пред изборите „републиканските гласачи ќе се успокојат и ќе запрашаат: Кого навистина сакаме да видиме во (претседателската) фотелја, кој носи одлуки важни за нашата иднина?“. Во принцип, вели Обама, тој верува дека победничката стратегија мора да се заснова на „оптимистички погледи“ за иднината на земјата, иако во раната фаза е полезна политичката исклучивост.

Одговарајќи негативно на прашањето дали ги следи републиканските телевизиски дебати, Обама сепак ги критикува како „шоу на кое не се дискутира за проблемите“, признавајќи дека и самиот бил критикуван за неуспехот пред народот да ги претстави своите идеи и уште еднаш искажувајќи жалење, како и во своето неодамнешно последно годишно обраќање до нацијата, што во своите мандати не успеал да ги сплоти САД и да се надминат идеолошките и политичките поделби./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет12 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет19 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет19 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет19 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет20 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет20 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 дена

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...