Контакт

Вести

Обама: Средбата со Кастро е можен пресврт

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговиот историски состанок со кубанскиот претседател Раул Кастро бои можел да претставува пресвртница, и дека двете земји наскоро би можеле да воспостават дипломатски односи.

dobivaj vesti na viber

Американски и кубански претседател, во случајов Барак Обама и Раул Кастро, се сретнаа во саботата навечер во Панама Сити, на маргините од панамериканскиот самит, што беше прв контакт на шефовите на двете држави по речиси 60 години.

За медиумите Обама изјави дека меѓу владите на САД и на Куба и натаму има разлики, но истакна дека ќе ја поттикнува Куба во развивањето на демократијата и човековите права, нагласувајќи дека двете земји можат да ги унапредат своите заеднички интереси. Обама додаде дека големите промени во американската политика кон Куба последните неколку месеци имаат поддршка од мнозинството Американци и од мнозинството Кубанци.

Претходно во саботата доцна вечерта американскиот претседател Барак Обама имаше ненајавена билатерална средба со кубанскиот колега Раул Кастро.во настојувањата да го надминат децениското непријателство меѓу двете земји.

Опишувајќи ја средбата како „историска“, Обара рече дека двете земји може да стават крај на непријателството кое потекнува од годините на Студената војна. „Сега сме во ситуација да тргнеме на пат кон иднината“, му рекол Обама на Кастро во текот на средбата во Панама, повторувајќи ја фразата од средбата со украинскиот прозападен колега Петро Порошенко. „Со време ќе можеме да ја свртиме страницата и да развиваме нови односи меѓу нашите две земји“, додаде американскиот челник.

Лидерите на САД и на Куба ланскиот декември се согласија да се обидат да ги обноват дипломаските односи кои ги прекина Вашингтон во 1961 година и оттогаш Обама настојува да ги попушти некои американски ограничувања и трговијата со Куба кои се всушност дел од долгогодишната американска стратегија да се натера овој комунистички карипски остров да се промени и да го остварат таму своето влијание.

Обама и Кастро, кои телефонски разговараа во декември и оваа седмица пред самитот во Панама, седеа еден до друг во малата конференциска сала во срдечно но деловно воздржана атмосфера, забележуваат агенциите. Двајцата климаа со лавите и се насмевнуваа на зборовите од соговорникот во кусите изјави за новинарите.

Кастро изјави дека ќе продолжи да презема мерки кон нормализација на односите со Вашингтон, како и дека е отворен за разговори за човековите права и другите прашања, но под услов тоа да биде на рамноправна основа и со уважување на кубанските интереси. „Подготвени сме да разговараме за се’, но мораме да бидеме стрпливи, многу стрпливи“, изјави 83-годишниот Раул Кастро кој стана претседател во 2008 година откако неговиот брат сега 88-годишниот Фидел Кастро, водачот на кубанската комунистичка револуција, се повлече поради слабото здравје.

Сега 53-годишниот Барак Обама, кој не бил ни роден кога Фидел и Раул Кастро ја преземаа власта на Куба со револуцијата од 1959 година, претходно на самитот изјави дека новата американска политика кон Куба „бележи пресврт за целиот регион“, дека САД повеќе не сакат да им ја наметнуваат својата волја на земјите од Латинска Америка. „Минаа деновите кога нашиот план на оваа хемисфера предвидуваше дека САД можат неказнето да се мешаат“, порача Обама. Меѓутоа предупреди дека на патот на нормализација на односите се очекуваат несогласување со Кубанците, особено кога на дневен ред ќе дојде прашањето за човековите права.

Кастро во своето обраќање на самитот се заложни за укинување на американското ембарго против Куба и побара „побрз одговор“ на Вашингтон во врска со отстранувањето на Хавана од американската листа „земји коишто го спонзорираат тероризмот“, што повлекува и укинување на низа американски санкции. Се очекува дека Обама на тоа ќе се согласи, но не е познато засега кога тоа би можело да се случи. Куба, имено, отстранувањето од споменатиот список го истакнува и како основен предуслов за потполно обновување на дипломатските односи меѓу двете земји.

Куба првпат беше ставена на листата на Вашингтон на „терористички земји“ во 1982 година кога ги поддржа марксистичките бунтови во Латинска Америка, но таа јавна поддршка изостана со престанувањето на Студената војна и по победата на левичарските влади во јужноамериканските земји. На американската листа, освен Куба, уште се само Иран, Сирија и Судан.

Обама, припадник на Демократската партија, се соочи со одредени критики во амриканскиот Конгрес за драматичниот пресврт во односите кон Куба. Критичарите велат се откажува од премногу од тоа а претходно да не се држи упорноста за политичките реформи на островот.

Американскиот претседател може да продолжи со олеснувањето на одредените санкции но трговското ембарго против островот може да го укине само Конгресот во кој мнозинството го имаат републиканците.

Освен неколку куси, неформални средби, челниците на САД и Куба досега не одржаа ниеден значаен состанок откако Кастро го собори во 1959 година диктаторот Фулгенсио Батиста кого го подржуваа САД, свртувајќи ја земјата кон блиското сојузништво со Советскиот сојуз./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија12 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија13 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија14 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ15 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија17 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија18 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија18 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија18 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа18 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет19 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет20 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет21 час

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет21 час

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет21 час

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија2 дена

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...