Контакт

Вести

Обама во последниот State of the Union отслика оптимистична иднина за САД

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама го одржа ноќта кон средата по средноевропско време пред двата дома на Конгресот својот последен говор за состојбата на нацијата, или State of the Union, во кој се обиде да претстави светла иднина за Соединетите држави додека влегува во последната година од својот мандат, а републиканските потенцијални претседателски кандидати ги обвини за антимуслиманската реторика со која го „изневериле“ идентитетот на Америка.

dobivaj vesti na viber

Говорот за состојбата на нацијата беше една од последните можности претседателот Барак Обама да го привлече вниманието на милиони Американци и да ги истакне главните достигнувања во текот на својот мандат, пред медиумската политичка сцена да ја преземат аспирантите за негов наследник во Белата куќа.

„Верувам во промените бидејќи верувам во вас. И затоа стојам тука поуверен од кога и да е претходно дека нашата нација е силна“, рече Обама, отфрлајќи ги критиките на републиканските претенденти за претседателски кандидати кои тврдат дека американската економија е во лоша состојба, а угледот и силата на САД во меѓународните односи се во пад. „Секој кој тврди дека економија на САД е во пад, продава фикции“, порача Обама.

Во говорот немаше многу конкретни политички предлози, но Обама наместо тоа нагласи дека конгресмените и сенатори мора да се позанимаваат со важни прашања во иднината, без оглед на тоа кој ќе биде следниот претседател. Тие прашања вклучуваат: како да се осигурат економски можност за секој Американец, како да се користи технологијата да биде во служба на луѓето, како да се одржи сигурноста САД и како да се подобри политичката клима во земјата.

Говорејќи за надворешната и за безбедносната политика, Обама рече дека главен приоритет е „да се заштитат Американците и да се уништат терористичките мрежи“, но ги отфрли споредувањата на терористичките напади со „Трета светска војна“, и истакна дека екстремната сунитска организација Исламска држава „не ја загрозува нашата национална егзистенција“. Ги повика Американците, исто така, да „не наседнуваат“ на лагите дека Исламската држава го претставува исламот, додавајќи дека оваа џихадистичка група треба да се смета за она што и навистина е – „убијци и фанатици кои мора да бидат пронајдени, фатен и уништени“.

Во директната алузија на водечкиот републикански кандидат за претседателските избори во ноември, милијардерот Доналд Трамп, Обама рече дека навредувањето на муслиманите им нанесува штети на САД и го „изневерува“ американскиот идентитет. „Кога политичарите ги навредуваат муслиманите…, тоа нема да нé направи побезбедни. Тоа едноставно е погрешно. Тоа го намалува нашиот углед во очите на светот. Тоа ни отежнува да ги постигнеме нашите цели“, рече Обама.

Американскиот претседател, исто така, ги поздрави прифаќањето на глобалниот климатски договор од декември во Париз, нуклеарниот договор со Иран, како и успесите во справувањето со епидемијата на еболата во западна Африка. Го повика Конгресот да ги укине трговските санкции за Куба, како и да го одобри Транспацифичкиот трговски договор кој САД го договорија минатата година со дванаесет земји во Тихиот Океан.

„Америка и претходно минуваше низ големи промени, војна и кризи, доаѓање на имигранти, работници кои се борат за подобри услови, движења за човекови права… И секогаш имаше такви коишто ни говореа дека треба да се плашиме од иднината, коишто тврдеа дека треба да ги запреме промените, ветувајќи ни дека ќе ја обновиме претходната слава, само ако ставиме под своја контрола некоја група луѓе или некоја идеја којашто ѝ се заканува на Америка. И секогаш успевавме да ги надвладееме тие стравови“, нагласи Обама.

Во својот говор директно ги повика републиканските и неговите демократски конгресмени и сенатори да го надминат партиските поделби за да се „оствари подобрата иднина“. „Таа ни е на дофат од раката, но ќе се оствари само доколку ја поправиме сопствената политика“, порача американскиот претседател.

Го повика, исто така, американскиот народ да не стане жртва на фрустрациите, секташтвото и омразата. „Не можеме да си дозволиме да одиме по тој пат. Тој нема да ни помогне да воспоставиме економија каква што сакаме, или безбедност каква што посакуваме или, пак, повеќе од сé, тој е спротивен на сето она поради коешто сиот свет ни завидува“, рече Обама.

Покрај тоа, најави дека во последната година од својот претседателски мандат ќе се обиде да го промени начинот на кој САД управуваат со своите енергетски ресурси. „Ќе продолжам да работам на начините преки кои управуваме со своите ресурси од јагленот и нафтата, за да можеме подобро да ги одразиме сите трошоци коишто им ги наметнуваме на нашите даночни обврзници и на нашата планета“, рече, меѓу другото, Обама./крај/мф/сн

Извор: Reuters/DPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет3 часа

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ6 часа

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ6 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Топ6 часа

Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената...

Регион7 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија8 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија8 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион9 часа

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија10 часа

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија11 часа

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...

Топ11 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет11 часа

(Видео) Рекорден топлотен бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му...

Македонија12 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет години нема ниедно обвинение, ниеден обвинет, ниедно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет13 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава13 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија14 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија24 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија1 ден

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...