Контакт

Вести

Обама за Газа, за Путин, мачењето на затворениците и депортациите

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама повика на „итно и безусловно“ ослободување на израелскиот војник кого палестинското исламистичко движење Хамас го заробило во енклавата Појасот Газа на прес-конференција во петокот навечер, на која зборуваше и за јакнењето на американската економија, за односот на рускиот претседател Владимир Путин кон санкциите против неговата земја, како и за мачењата во САД по терористичките напади од 2001 година.

dobivaj vesti na viber

Новото примирје во Појасот Газа тешко ќе биде постигнато, доколку за него не се заложи и Хамас, оцени американскиот претседател Барак Обама и притоа побара поголема заштита за цивилите во палестинската енклава кои се практично заробени на тесна област со 1,8 милиони жители, поради жестоките судири меѓу израелската армија и Хамас.„Јасно ги осудивме Хамас и палестинските струи кои се одговорни за смртта на двајцата израелски војници и за грабнувањето на еден војник само неколку минути по објавувањето на (72-часовното) примирје. Мислам дека ќе биде многу тешко повторно да се воспостави примирје, доколку Израелците и меѓународната заедница не можат да бидат сигурни дека Хамас ќе ги исполни своите ветувања во врска со примирјето“, изјави Обама на прес-конференцијата.Обама, исто така, истакна и дека „јасно дадов до знаење дека недолжните цивили во Газа, блокирани поради судирите, мораат да делуваат на нашата совест и мораме да сториме повеќе за да ги заштитиме“.На американскиот државен секретар Џон Кери треба да му се даде целосна поддршка во неговите напори да договори прекин на огнот. Доколку Кери успее да издејствува „прекин на борбите“ во Газа, тоа решение би можело да спаси животи и да ја осигури безбедноста на Израел.Рускиот претседател Владимир Путин работи против интересите на својата земја занемарувајќи го ефектот на западните санкции врз руската економија, изјави на истата прес-конференција Обама. „Сторивме сѐ што можеме да ја поддржиме украинската влада и да ја одвратиме Русија од подлабоко задирање во Украина. Меѓутоа ограничувања постојат во она што САД можат да го сторат доколку (претседателот) Путин и Русија продолжат да ги занемаруваат своите долгорочни интереси“, рече Обама. „Објективно говорејќи, претседателот Путин би требало тоа да го реши дипломатски, да им се укинат санкциите и руската економија да се врати на растот. Но понекогаш луѓето не постапуваат рационално“, заклучи Обама.Обама зборуваше и за предлогот за нов закон за имиграцијата за кој жестоко се дебатира во Претставничкиот дом.„Републиканците се обидуваат да прифатат екстремна и неизводлива верзија на законот за кој веќе однапред знаат дека не води никаде“, изјави американскиот претседател и најави дека би можел да стави вето на тој закон и самиот да го реши овој проблем, со Конгресот или без него.Во изминатите девет месеци, до 30-ти јуни 2014 година, околу 57 илјади деца од Средна Америка се притворени на американско-мексиканската граница поради нејзино преминување без родители. Соочена со чувствителното прашање коешто предизвикува политички поделби, администрацијата на претседателот Обама има намера повеќето деца да ги врати дома, бидејќи тие не ги задоволуваат условите за барање азил, ниту статусот на бегалци.Обама на подолгата прес-конференција призна и дека САД згрешиле прибегнувајќи кон тортура за да извлечат информации од (осомничени) терористи по нападите од 11-ти септември 2001 година. „Мачевме некои луѓе. Сторивме некои работи спротивни на нашите вредност“, рече Обама. Според него, тоа се случувало во состојба на зголемен степен на безбедноста по нападот од 2001-та и „важно е за нас премногу поради тоа да не морализираме“, изјави американскиот претседател кој за мачењата говореше пред новинарите, бидејќи се очекува Сенатската комисија наскоро да го објави извештајот за техниките за испитување на наводните терористи. Обама донесе забрана за тие методи на испитување кога стапи на претседателската должност, меѓутоа Централната разузнавачка агенцијa (CIA) демантираше дека методите како што се симулирање на давење во вода и ускратување на правото на сон можат да се наречат тортура.Обама призна дека САД со тие техники „ја минале линијата“ и заклучи дека „тоа мора да се сфати и да се прифати“. „И како земја ја преземаме одговорноста во надеж дека тоа во иднина нема да се повтори“, додаде.Претседателот кажа и дека стои зад директорот на CIA, Џон Бренан, кој во четвртокот призна дека агенцијата ги пребарувала компјутерите во Сенатот со кои се користел персоналот задолжен да истражи какви техники CIA применувала испитувајќи ги осомничените терористи. Бренан, притоа, на сенаторите им се извини поради пребарувањето на компјутерските мрежи.Во март годинава претседателката на сенатската комисија задолжена за споменатата истрага, сенаторката Диана Фејнстејн, ја обвини CIA за илегално мешање во истрагата на Конгресот за методите на испитување коишто се применувале во периодот на администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш.Обама на прес-конференцијата во Белата куќа оцени и дека американската економија сега е „посилна“, но дека уште многу работи треба да се направат „Добра вест е дека економијата е многу посилна. Работите одат на подобро. Но има низа мерки кои би можеме да ги донесеме за да го задржиме тој ритам, а може и да го забрзаме“, рече Обама. „Се заземав за разумни предлози, како што е обновувањето на нашата инфраструктура (…), поддршката за милиони важни занимања и помош за компаниите да бидат конкурентни. Предложив зголемување на минималната плата“, илустрираше Обама.„Републиканците во Конгресот сѐ досега ги спречуваа и занемаруваат тие мерки“, истакна Обама кој последните седмици сѐ погласно го критикува американскиот Конгрес./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија2 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет2 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет3 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет4 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет4 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет6 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет8 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија10 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет12 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет13 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет18 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет21 час

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет22 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет22 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет23 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет23 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет23 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија24 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет1 ден

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...