Контакт

Вести

Одложени јеменските мировни преговори во ОН

Објавено пред

Јеменските мировни преговори кои беда предвидени за четвртокот 14-ти јануари, нема да се одржат на тој датум, но се очекува дека би можеле да се одржат по 20-ти јануари, изјави портпаролот на ОН, Ахмад Фавзи, на редовниот брифинг во Женева во вторникот.

dobivaj vesti na viber

„Денот 14-ти јануари е наведен како датум, но мислам нега повеќе не е одржлив. Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Јемен бара датум по 20-ти јануари“, рече портпаролот Ахмад Фавзи.

Завојуваните страни во Јемен требаше во четвртокот повторно да седнат на преговарачката маса под покровителство на ОН, според условите од првиот круг од разговорите на 20-ти декември, кога беше договорен прекин на огнот којшто, меѓутоа, постојано се крши.

Во Јемен продолжува вооружениот конфликт меѓу бунтовниците од милицијата Ансар Алах од шиитското племе Хути, коешто наводно го поддржува Иран, и дел од армијата лојална на поранешниот претседател Али Абдула Салех, со силите на претседателот во егзил Абд Рабо Мансур Хади и коалицијата на сунитските арапски земји предводени од Саудиска Арабија.

Во Јемен секојдневни се нападите на саудиските воздухопловни сили кои започнаа на 26-ти март во обидот да се поразат противниците на претседателот Хади. Според последните процени на ОН, во овие судири и саудиските воздушни напади убиени се најмалку 7.500 луѓе, а околу 27.000 се ранети. Во првите шест месеци од судирот, исто така, жртви биле повеќе од 505 деца./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Лавров: Неправедно е да се каже дека конфликтот меѓу Израел и Иран е сличен на нашиот со Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека е погрешно да се споредува израелскиот напад врз Иран со конфликтот...

Свет11 часа

Нетанјаху му ветил на Трамп дека ќе се воздржи од понатамошни напади врз Иран

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска му рече на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор, дека ќе се воздржи од...

Македонија12 часа

Работа од дома и ослободување на бремените жени препорача Владата поради топлотниот бран

Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на мерки за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на...

Македонија12 часа

(Видео) Усвоен предлог-законот за правична застапеност, Мицкоски очекува администрацијата да биде вистински сервис на граѓаните

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од...

Македонија16 часа

Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент, велат од СДСМ

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за...

Македонија16 часа

Со широко мнозинство усвоен извештајот за Македонија, Вајц рече дека е горд, а државата припаѓа во ЕУ

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент со широко политичко мнозинство го усвои извештајот за Македонија, поднесен од европратеникот и...

Македонија16 часа

Осамна 100 ден по трагедијата во Кочани, веќе не молчиме, не простуваме: пораки на граѓаните низ центарот на Скопје

Осамна 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Ветивме дека нема да заборавиме. За разлика од системот...

Свет17 часа

Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија два часа по прогласувањето на...

Македонија18 часа

За една година двојно зголемен бројот на пријавени убиства во Македонија, покажува извештајот за работата на обвинителствата

Зголемен беше обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажа Годишниот извештај за работата на обвинителствата,...

Македонија20 часа

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови Македонија. Според...

Свет20 часа

Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран. „Примирјето сега...

Македонија1 ден

Да го урнеме системот на бандитизам од политички и бизнис структури кои функционираат во широки коалиции, порача Мицкоски

Измина една цела година, на предизвици, на тешка, посветена и макотрпна работа. Во секој еден ден од овие изминати 365...

Македонија1 ден

Македонските граѓани во Израел, Катар и ОАЕ за сите прашања да се обратат до надлежните амбасади, МНР со апел да не се патува кон земјите од тој регион

По последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот,...

Регион1 ден

Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот, вели бугарскиот министер Георгиев

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година за Северна Македонија нема да биде успешен. Европскиот парламент нема...

Свет1 ден

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар со балистички ракети

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз...

Свет1 ден

Трамп до Медведев: Не го употребувајте лесно зборот „нуклеарен“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му рече на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, да не...

Македонија1 ден

По најавите за претстојниот топлотен бран, ИЈЗ со препораки за заштита на граѓаните

Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи...

Македонија2 дена

Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и...

Македонија2 дена

Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки...

Македонија2 дена

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло...