Вести
Огранокот на Ал Каеда ги напушти базите на северозападот на Сирија

Фронтот ал-Нусра, огранокот на сириските бунтовници на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, објави во средата дека ги напуштил своите позиции во покраината Идлиб, на северозападот од земјата, еден ден од почетокот на американските воздушни напади врз џихадистичките бази.
Агенцијата AFP јавува дека и салафистичката група поврзана со Фронт ал-Нусра, Ахрам ал-Шам, ги евакуирала своите позиции во истата покраина, јави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), која се повикува на своите активисти, медицински и на воени извори.
Од ал-Нусра на Twitter објавија дека на ги напуштиле повеќето свои бази во Идлиб. „Илјадници борци на ал-Нусра и Ахрам ал-Шам ги напуштија своите бази во покраината Идлиб“, наведува SOHR. Покрај тоа, во извештајот се истакнува дека Ахрар ал-Шам побарала од цивилите да „се оддалечат од воените бази“ што наведува на фактот дека е постигнат договорот тие да се дистанцираат од Исламската држава.
Вашингтон во вторникот извести дека во воздушните напади „ликвидирал“ припадници на групацијата Хорсон, помала групација блиска на Ал Каеда, која подготвувала „големи напади и врз американската територија“. Таа, групација според Пентагон, е поврзана со Фронтот ал-Нусра.
Сириската опозициска организација SOHR и сунитските опозициски милитанти, сметаат, пак, дека цел на американските напади е Фронтот ал-Нусра кој во сирискиот судир се јави во 2012 година, како сојузник на сунитските бунтовниците поддржувани од Западот чија цел од март 2011 година е да го соборат алавитскиот претседател Башар ал-Асад, децениски сојузник на Русија во регионот. Факт е, исто така, дека со појавувањето на Фронтот ал-Нусра, сириските бунтовници почнаа да бележат напредување во борбите со силите на сириската влада во Дамаск, но потоа дојде до меѓусебен судир за контрола на териториите.
Цел на американските воздушни напади, исто така, биле и објектите и камповите за тренинг сместени во северната покраина Алепо, стратешки важен град и поранешна економска престолнина на Сирија од каде речиси се протерани припадниците на алавистката и христијанската заедница. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.