Контакт

Вести

Околу 30 повредени во експлозија на бомба во Њујорк

Објавено пред

Во експлозијата која одекна на њујоршки Менхетен во саботата ноќта по локално време повредени се 29 луѓе, и нема жртви, соопштија во неделата властите кои велат дека уште не можат да кажат што е причината за детонацијата, а медиумите нагаѓаат дека можеби станува збор за импровизирана експлозивна направа каква што порано во саботата експлодираше во канта за отпадок пред почетокот на хуманитарна трка во соседната сојузна држава Њу Џерси. 

dobivaj vesti na viber

Сепак, властите сметаат дека станува збор за намерен криминален чин, но дека засега нема докази дека е поврзан со тероризам. Во самиот Њујорк, инаку, е зголемено ниво на безбедноста поради одржувањето на 71-та сесија Генералното собрание на ОН, на која се очекуваат да дојдат 135 светски челници и десетици шефови на дипломатии.

Експлозијата се случила околу 20,30 часот по локално време, односно во 2,30 часот во неделата по македонско време меѓу 23-та улица и 6-та авенија во самиот центар на Њујорк. Во квартот Челзи инаку се наоѓаат многу популарни ресторани, барови и продавници, па во саботата вечерта во близина на местото на инцидентот имало голем број жители и туристи.

Експлозијата, за којашто се наведува дека била „заглушувачка“, се случила пред зграда во која се наоѓа здружение на слепи лица, во која живеат вакви лица, минуваат низ обука и добиваат други потреби услуги.

Повредените главно настрадале од парчиња од скршено стакло, велат очевидци. По експлозијата местото било веднаш евакуирано од страна на полициските службеници, а евакуирани се исто така и соседните домови.

Началникот на њујоршката полиција, Џејмс О’Нил, на вонредната прес-конференција изјавил дека „во експлозијата настрадаа 29 луѓе, еден од нив се здобил со сериозни повреди“. Истакнал и дека „точната причина за експлозијата не е утврдена“.

Портпаролот на њујоршката противпожарна служба Даниел Нигро изјави дека се повредени 29 луѓе, од кои 24 се пренесени во болниците, а меѓу нив едно лице е потешко повредено. Другите претрпеле полесни повреди од стакло и метал, рече Нигро.

Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио и другите градски функционери изјавија дека истрагата го исклучила истекување на гас како причина за експлозијата, но одбиле да кажат што сметаат дека би можело да ја предизвика детонацијата.

„Нема докази во овој момент дека експлозијата е поврзана со тероризам. Во моментов нема посебна и уверлива Закана за Њујорк од која и да е терористичка организација“, изјави градоначалникот де Блазио на прес-конференција неколку часа по експлозијата., пренесува Reuters.

Од полицијата соопштија дека пребарувајќи го соседството по експлозијата пронајдена е можна „втора направа“ неколку блокови подалеку. Како што пренесува телевизијата CNN, повикувајќи се на полициски извор, таа се состоела од експрес лонец на кој се прицврстени жици поврзани со нешто што личело на мобилен телефона. Телевизијата, исто така, пренесува дека во близина на експлозијата е најдено парче хартија со белешка.

Експрес лонец е користен во експлозијата на Бостонскиот маратон од 15-ти април 2013 година, кога загинаа три а беа повредени повеќе од 200 луѓе. Еден од извршителите на тој напад, млади натурализирани американски државјани од чеченско потекло, Темерлан Царнаев беше убиен во пресметка со полицијата, а неговиот помлад брат Џохар за организирање и учество во терористички напад е осуден на смртна казна.

Импровизирана експлозивна направа експлодирала претходно во саботата во местото Сисајд Парк во американската сојузна држава Њу Џерси на патеката по којашто требаше да се одржи хуманитарна трка во поткрепа на маринците ветеррани. Според телевизиската мрежа NBC News, направата била направена од железни цевки, а експлодирала во канта за отпадоци, околу 9,30 часот по локално време, 15.30 по македонско. Во оваа експлозија беше причинета незначителна материјална штета. Но втора експлозивна направа е откриена во близина на местото на експлозијата, наведува Reuters, повикувајќи се на портпаролот на државното обвинителство. Засега не е познато дали оваа експлозивна направа е уништена во контролирана експлозија.

Последната експлозија се случи една седмица по 15-годишнината од терористичките напади од 11-ти септември 2001 година, во кои загинаа близу 3.000 Американци, поради што безбедносните служби го засилија степенот на приправност.

Според првите наоди во истрагата околу експлозијата во њујоршки Челзи, градоначалникот Бил де Блазио тврди дека станува збор за „намерен чин“. Додаде дека местото на експлозијата недалеку од Менхетен се третира како „место на злосторство“. Де Блазио, исто така, рече дека истрагата не верува дека експлозијата е поврзана со бомбата која претходно во саботата експлодираше во Њу Џерси.

Меѓутоа, американски функционери соопштија дека заедничките антитерористички сили, составени од сојузни, државни и локални функционери, повикаа на истрага на експлозијата во Челзи, сугерирајќи дека властите не ја исклучиле сосема можноста за поврзаност со тероризам. Заедничките антитерористички сили ја преземаа и истрагата во врска со инцидентот во Њу Џерси. Полициски извор за Reuters рекол дека прелиминарната истрага во Њујорк упатува на тоа дека експлозијата е предизвикана од импровизирана експлозивна направа.

Американскиот претседател Барак Обама, кој присуствуваше на конгресна вечера во Вашингтон, е „известен за експлозијата во Њујорк, чии примероци се истражуваат“, соопшти Белата куќа.

Експлозијата во Њујорк веднаш стана и тема во претседателската трка, имајќи предвид дека и двајцата најсериозни кандидати за Белата куќа доаѓаат од Њујорк.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп на собир во Колорадо рече „Малку пред мојот авион да слета, во Њујорк експлодираше бомба и никој точно не знае што се случува“, рече њујоршкиот бизнисмен неколку часа пред тамошната полиција да ја објави веста за експлозијата и истакна дека „сега треба да се покаже моќ“.

Демократската кандидатка Хилари Клинтон даде изјава во нејзиниот претседателски авион кој беше на земја во Њујорк, велејќи дека е известена за „експлозиите во Њујорк и во Њу Џерси“. Но додаде дека ќе причека повеќе информации пред да коментира./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија10 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија11 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија12 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија12 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија13 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа14 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија14 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион15 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет15 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија15 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија16 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија16 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион17 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет17 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет17 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион18 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион19 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија1 ден

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија1 ден

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...