Вести
Оланд: Франција се залага за привремено запирање на проширувањето на НАТО

Франција се залага за привремено прекинување на процесот на проширувањето на НАТО, изјави во понеделникот францускиот претседател Франсоа Оланд по средбата со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Во моментов Франција е на позицијата во однос на земјите кои изразуваат желба да стапат во НАТО, којашто се состои во тоа што тие би требало да бидат одбиени“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, прецизирајќи дека сега „прашањето на проширувањето на НАТО не е на дневен ред“.
Оланд истакна дека Франција „му придава големо значење на обезбедувањето конзистентност меѓу прашањата за создавање на единствен систем на одбрана на Европската унија и активностите на НАТО“.
Од своја страна, Столтенберг истакна дека „НАТО во моментов го спроведува најзначајното зголемување на своите сили од времето на завршувањето на Студената војна, и Франција притоа ја има клучната ролја, улогата на лидер“.
Кон средината на февруари во едно интервју, одговарајќи на прашање за неговиот став во врска со ветувањата од самитот на НАТО во Букурешт 2008 година за можноста Украина и Грузија да и’ се приклучат на Алијансата, генералниот секретар Столтенберг одговори дека во организацијата сметаат дека политиката на „отворени врати“ е успешна и се противат на „сите обиди на трети земји да ставаат вето за прием во Алијансата“.
„Присуствував на самитот на НАТО во Букурешт како премиер на Норвешка. Главната поента на тој состанок беше дека политиката на отворени врати е успешна“, рече Столтенберг, за самитот на кој по инсистирањето на Грција поради нерешениот спор за името, прашањето за членството на Република Македонија не беше ставено на двене ред.
Столтенберг тогаш истакна дека секоја земја мора самостојно да донесе решение за тоа дали ќе стане дела од Алијансата. „Тоа не е само позиција на НАТО, тоа се содржи во договорите што ги имаме потпишано со сите земји во Европа, вклучувајќи ја и Русија“, рече.
„И ниедна земја однадвор не може да наложува вето или да воведува забрани за таквите активности. Тоа беше кажано во Букурешт, и тоа сé уште важи и денес“, рече пред две седмици Столтенберг, алудирајќи на протестите на Москва дека НАТО опасно се приближува до нејзините граници повикувајќи се на меѓусебни договори./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.