Контакт

Вести

Оливер Стоун: Обама прислушува повеќе и полошо од Штази

Објавено пред

Славниот американски филмски режисер Оливер Стоун во четвртокот вечерта изјави дека системот за следење на граѓаните што го спроведува актуелниот американски претседател Барак Обама е полош и од оној на злогласната источногерманската тајна полиција Штази.

dobivaj vesti na viber

На филмскиот фестивал во баскискиот град Сан Себастијан, каде го претстави својот нов филм „Сноуден“, според настаните околу одметнатиот припадник на американското разузнавање кој го обелодени масивното следење на комуникациите на милиони луѓе во светот, режисерот Оливер Стоун рече дека многумина во САД живеат во илузијата дека претседателот Барак Обама е човек на големиот интегритет.

„Токму спротивното, Обама двојно ја зголеми политиката на контролата во однос (на неговиот републикански претходник) Џорџ В.Буш“, рече Стоун,.

„Обама ја создаден најмасовната држава на глобален безбедносен надзор во историјата, далеку на источногерманското Штази, далеку над“, додаде американскиот режисер, пренесе AFP.

„Во името на само една работа, тероризмот, така да се променат сите правила не претставуваше никаков одговор, тоа е екстремен одговор“, констатираше Стоун, кому „Сноуден“ не му е прв филм во кој се занимава со политиката, имајќи предвид дека ги сними хитовите како „Водот на смртта“, „Роден на 4-ти јули“, како и филмовите за поранешните американски претседатели Кенеди и Никсон.

Стоун, исто така, тврди дека нема никаква поврзаност меѓу дистрибуцијата на неговиот нови филм и американските претседателски избори, но рече дека се надева оти Обама ќе го помилува Сноуден, кој е кривично гонет за кражба на државни материјали и за шпионажа, и кој во спреченоста да отпатува во некоја земја во Латинска Америка, две години живее заглавен со привремен азил во Русија.

Оливер Стоун, во 2014 година го сними документарниот серијал во десет епизоди под насловот „САД: Никогаш нераскажана приказна“, за најмрачните настани од американската историја, а задно со украински продуценти е копродуцент на документарецот „Украина во пламен“ .

Стоун, добитник на три Оскара, инаку, изминатите години на својот профил на Facebook и во медиумите има постојано објави во кои ја критикува актуелната политика на САД, особено на глобално ниво. Така, тој во времето на избувнувањето на украинската криза, во интервју го бранеше потегот на рускиот претседател Владимир Путин за присоединување на црноморскиот полуостров Крим, што западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Пред две години, славниот американски режисер, сценарист и продуцент напиша на својот профил на Facebook дека стремежот на САД да доминираат во светот може да се претвори во глобална катастрофа.

„Мразам да кревам паника во кој и да е облик, но сега сум преплашен. Не можам да молчам, гледајќи како слоумошнот на катастрофата го прекрива светот… ‘Бесниот пес’ Нетанјаху продолжува да го расипува угледот на САД во цивилизираниот свет со варварското крвопролевање во Газа. И покрај тоа, тоа не ги принуди САД да скршнат од фаталниот пат кој води во Источна Европа“, напиша тогаш режисерот.

Стоун потсети дека американскиот претседател Барак Обама им порача на своите критичари дека „Очигледно, луѓето забораваат дека Америка како најмоќната нација на Земјата, сѐ уште нема целосна контрола над светот“.

„Тоа е многу смела изјава, доколку подразмислите. Од кога доминацијата во светот стана официјална политика на САД? Мислам, до 1991 година, до моментот на падот на комунизмот, но сега кога маските од нашите наместени насмевки паднаа, ние како граѓани на светот, а не само како Американци, треба нешто да направиме во оваа нова реалност: САД сакат да го контролираат светот и ние нема да се откажеме од обидите да го намалиме влијанието на Русија, Кина и Иран. И ќе прибегнеме кон постигнување на тоа со какви да се средства, вклучително и војна“, напиша во продолжение Оливер Стоун./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Фото) Утре масовни протести за смртта на Фросина, точно на пладне во Кавадарци, во 17 часот пред Универзална во Скопје

Утре точно на пладне се организира протестен собир во Кавадарци за да се оддаде почит нa Фросина Кулакова од Неготино,...

Македонија9 часа

Јанев: Мапирани се црните точки низ државата, нѝ требаат системски решенија за безбедноста во сообраќајот

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека се направени детални анализи на сообраќајната ситуација во државата, при...

Македонија10 часа

(Видео) Цветановски: Симовска веднаш да биде разрешена, за хаосот на Клиниката „Козле“ мора да има одговорност

После 40 години е доведено во прашање функционирањето на единствениот оддел за бронхоскопија во државата, многу важна за здравјето на...

Економија11 часа

Преполовен прометот на маркетите поради вчерашниот бојкот, УЈП ги објави податоците

Управата за јавни приходи го објави прометот на осумте најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и...

Економија11 часа

(Видео) Мицкоски: Инспекторите влегоа во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа

Ден по бојкотот на маркети поради високите цени, премиерот Мицкоски изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети,...

Топ14 часа

Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне

Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајдена и приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удрила пешак и...

Свет15 часа

(Видео) Русија со балистички проектили го погоди центарот на Одеса, има повредени

Руските сили синоќа извршија балистички ракетен напад врз центарот на Одеса, ранети се најмалку три лица, изјави Олех Кипер, шеф...

Македонија1 ден

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија1 ден

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија1 ден

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија2 дена

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ2 дена

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија2 дена

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион2 дена

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија2 дена

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија2 дена

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион2 дена

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа2 дена

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет2 дена

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет2 дена

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...