Вести
ОН бараaт меѓународна акција за одбрана на Кобане

Меѓународната заедница мора итно да дејствува и да го спаси Кобане, третиот по големина курдски град во Сирија на стратешка позиција на самата граница со Турција, кои наскоро ќе падне целосно во рацете на џихадистите од исламската држава (IS), изјави специјалниот претставник на Обединетите нации за Сирија.
„Сите длабоко жалиме поради тоа што Исламската држава доби можност да го заземе градот кој толку храбро се бранеше, но наскоро ќе падне. Мораме веднаш да дејствуваме. Меѓународната заедница има обврска да го одбрани. Меѓународната заедница не смее да дозволи тој град да падне во рацете на Исламската држава“, се вели во соопштението од ноќта кон средата на Стефан де Мистура коешто го цитира AFP.Ова соопштение беше објавено кога џихадистите од Исламската држава се наоѓаа во непосредна близина на Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски јазик), а по тринеделниот попушта отпорот на послабо вооружените курдски борци.. Падот на Кобане би претставувал голема победа за исламската држава, којашто на овој начин би имала контрола над голем дел од сириско-турската граница.Арапските и американските воени воздухоплови и во вторникот изведуваа воздушни удари на позициите на џихадистите околу Кобане. Во градот и околината од средината на септември загинале најмалку 421 луѓе, од тоа половината борци на Исламската држава, според опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чие седиште е во Лондон, а ги добива информациите од воени и болнички извори, како и бројни активисти на теренот.Според Стефан де Мистура, курдските борци имаат само лесно вооружување, додека Исламската држава во опсадата на Кобане употребува тенкови и минофрлачи. Специјалниот пратеник на ОН за Сирија ја пофали хуманитарната улога на Турција, бидејќи оваа земја изминативе три седмици прифатила околу двесте илјади бегалци жители на Кобане. Меѓутоа, како што истакнува Мистура, сега е време и „конкретно да се дејствува“. „Без дополнителна меѓународна помош, ќе настапи ужасот. Светот веќе виде што се случува кога град во Ирак или во Сирија ќе падне на оваа терористичка група. Масакри, хуманитарна катастрофа, силувања и ужасно насилство“, предупреди Мистура.Битката за Кобане западните телевизиски станици ја пренесуваа во живо со екипите стационирани на блискиот рид од турската страна на границата и таа е „застрашувачка“ според американскиот Стејт департмент во чие соопштение се додава дека овој стратешки град не смее да падне во рацете на џихадистите.„Сите со ужас гледам што се случува во Кобане. Јасно е дека никој не сака Кобане да падне“ изјави во вторникот на редовниот брифинг со новинарите портпаролката на американската дипломатија Џен Псаки, споменувајќи ги и телефонските разговори кои во понеделникот и вторникот се одвивале меѓу американскиот државен секретар Џон кери и турскиот премиер Ахмед Давутоглу, пренесе Reuters.Истовремено и портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест ја изрази „силната загриженост“ на американската администрација за судбината на цивилите во Кобане./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.