Вести
ОН: На ирачките Јазиди им се заканува масакр

На припадниците на ирачкото јазидско малцинство „му се заканува непосредна опасност од масакр“ на областите коишто се под контрола на џихадистичка групација Исламска држава (IS), предупредуваат експертите за човекови права при Обединетите нации.
ОН располага со проверени и потврдени извештаи кои говорат дека борците на Исламската држава се насочени на потрага по припадниците на малцинските групи, како што за јазидската и христијанската заедница, и им наредуваат да се преобратат во исламот или ќе умрат, изјави Кристоф Хејнс, специјалниот известувач на светската организација.Известителката на ОН за насилство над жените, Рашида Манџу, изјави дека постојат „непроверени извештаи кои упатуваат на тоа дека стотици жени и деца се грабнати, голем број деца се сексуално се злоставувани а жените се силуваат и им се предадени или продадени на борците на Исламската држава како робинки.„Што поскоро мора да се преземат сите мерки за са се спречат масовните злосторства и можниот геноцид во следните денови, па дури и часови“, предупреди Рита Ишак, специјалната известителка на ОН за права на малцинствата.Десетици илјади Језиди се засолнаа на планината Синџар бегајќи пред офанзивата на џихадистите од Исламската држава и другите сунитски радикални групи во Ирак. Џихадистите ги сметаат Јазидите за „поклоници на ѓаволот“ и сметаат дека треба да ги истребат. Околу 35 илјади луѓе успеале да побегнат од Синнџар во последните 72 часа и во придружба на борците на ирачките Курди преку Сирија да стигнат во областа Дохук во автономната покраина ирачки Курдистан, објави УНХЦР во вторникот. Во Дохук сега има повеќе од 400 илјади, главно припадници на ирачките малцинства, а во ирачки Курдистан вкупно 700 илјади, се додава во соопштението. Обединетите нации делат помош и планираат да изградат уште три центри за прифаќање на бегалците.Ирачката влада соопшти во неделата дека милитантите масакрирале најмалку 500 припадници од малцинската група Јазиди, од кои некои биле живи закопани, меѓу кои и деца и жени, а неколку стотици жени биле одведени во ропство./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.