Контакт

Вести

ОН, САД и Франција го повикуваат Израел на продолжување на мировниот процес

Објавено пред

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун и шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус го потсетија во средата навечер Израел на обврската да го продолжи мировниот процес и создавање палестинска држава, ден по изборната победа на досегашниот премиер Бенјамин Нетанјхау кој не покажува наклонетост кон формирање палестинска држава, а истовремено Белат акуќа ја повтори својата поддршка на решението со двете држави, и порача дека победата на Нетанјаху на парламентарните избори нема да влијае ниту врз преговорите за иранската нуклеарна програма.

dobivaj vesti na viber

Последниот ден од кампањата пред парламентарните избори, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во настојувањата во последен момент да ја добие поддршката на десницата изјави дека нема да дозволи создавање на палестинска држава доколку биде повторно избран., и вети продолжување на градењето еврејски населби на териториите коишто меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински области.

Генералниот секретар Бан Ки-мун ги поздрави прелиминарните резултати од израелските избори во надеж дека брзо ќе биде формирана владата, рече неговиот помошник Фахран Хак.

„Новата израелска влада, кога ќе биде формирана, мора да создаде услови преку преговорите да се постигне конечен мировен договор (…) кој ќе стави крај на израелската окупација и ќе овозможи да се оствари одржлива палестинска држава“, изјави Хак за новинарите во седиштето на ОН во Њујорк, пренесува AFP. „Генералниот секретар цврсто верува дека тоа е најдобриот, но и единствениот начин за напредок и Израел да остане демократска држава“, додаде.

Спроед Хак, тоа вклучува и „прекин на градењето на нелегалните населби“ на окупираните палестински територии.

Палестинците сакаа да ја прогласат својата држава на териториите во Газа, на Западниот брег (од реката Јордан) а како главен град сакаат да го прогласат Источен Ерусалим, кои Израелците ги освоија од 1967 година, додека Израел повеќепати повтори дека Ерусалим е неделива историска престолнина на израелската држава.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус го потсети Израел на „одговорност“ и побара „да започнат преговорите за да се постигне глобален и конечен мир“ со Палестинците. „Само создавањето на одржлива и суверена палестинска држава која живее во мир покрај Државата Израел ќе овозможи мир и просперитет на Блискиот исток“, се порачува во соопштението на Фабиус.

„Претседателот (Барак Обама) и натаму смета дека решението со две држави (израелска и палестинска) е најдобар начин да се одговори на тензиите“, изјави Џош Ернест, портпаролот на Белата куќа.

Барак Обама сé уште не му се јавил на Нетанјаху, но тоа ќе го стори „деновиве“, додаде Ернест, истакнувајќи дека државниот секретар на САД, Џон Кери, му честитал на израелскиот премиeр ,пренесува Reuters. Потсети и дека Обама на двата минати парламентарни избори не го повикал израелскиот премиер сé додека не се пристапило на формирањето на владата.

Од САД, исто така, изјавија и во врска со противењето на Нетанјаху на секој договор со Иран околу неговата нуклеарна програма за којашто се сомнева дека има цел да доведе до нуклеарно оружје и без преседан во историјата три седмици пред изборите беше повикан во американскиот Конгрес да зборува на таа тема. Меѓутоа, Стејт департментот смета дека реизборот на Нетанјаху нема да влијае врз преговорите со Техеран. „Мислиме дека неговата победа не влијаеше и нема да влијае врз преговорите со Иран“, рече портпаролката на американската диплоамтија, Џенифер Псаки.

Односите меѓу Обама и Нетанјху се обременети со голема доза личен анимозитет, а дополнителни се влошија по говорот на израелскиот премиер во Конгресот, каде што го одржа говорот во кој жестоко ги нападна преговорите со Иран.

Покрај тоа, Белата куќа во средата изрази и загриженост поради некои говори кои „внесуваат подели“ одржани во текот на предизборната кампања, алудирајќи на изјавите на Нетанјаху и неговата партија во врска со гласањето на Арапите.

Премиерот на самиот ден на гласањето објави загрижувачка видео снима на својата страница на Facebook. „Десната влада е во опасност. Арапските гласачи во голем број доаѓаат на избирачките места“, гласеше пораката.

„САД се многу загрижени поради изјавите коишто внесуваат поделби меѓу израелските Арапи и сакаат да ги маргинализираат, Тоа се слаби демократски вредности и идеали кои се важен дел од она што ги поврзува САД и Израел“, истакна портпаролот на Белата куќа./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија14 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија15 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија16 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ18 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија19 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија20 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија20 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија20 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа20 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет21 час

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет23 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет23 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет23 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет23 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија2 дена

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...