Вести
ОН сака да се намалат емисиите на стакленички гасови на нула до 2100-та

Неограниченото користење на фосилни горива мора да престане доколку светот сака да ги избегне опасните климатски промени, а владите треба до 2100 година емисијата на гасови коишто го предизвикуваат ефектот на стаклена градина да ги сведат на нула, е основната порака од Извештајот на Обединетите нации за климатските промени објавен во неделата во Копенхаген.
Во Извештајот во чија изработка од септември 2013 година учествувале 800 научници од целиот свет, се наведува дека до 2050 година поголемиот дел од електричната енергија во светот мора и може да започне да се произведува од извори со мала емисија на јаглерод диоксид, а емисијата на стакленичките гасови, од кои споменатиот е најзначаен, мора да се сведе „речиси на нула до 2100 година“.„Ни преостана уште многу малку време за да реагираме со прифатлив трошок“, изјави претседавачот со Меѓувладиниот панел за климатските промени (IPCC), др Раџендра Пачаури.„Доколку светот сака до крајот на 2015 година да биде постигнат договорот за забавувањето на климатските промени во рамките на напорите да се погранични просечното зголемување на температура на најмногу 2 Целзиусови степени во однос на прединдустриската ера, до половината на векот мораме три или четикратно да ја зголемиме употребата на обновливите изводи на енергија со ниско или нулта нивно на емисија на јаглерод диоксид“, додал Пачаури.Температурите во светот веќе просечно пораснале за ,85 Целзиусови степени во однос на прединдустрискиот период, а целта на ОН е зголемувањето на просечните површински температури да г ограничи на 2 степена. Научниците предлагаат префрлање од фосилни горива на користење соларна и енергија на ветрот, нуклеарна енергија и користење на биогоривата и повикуваат со активностите да се започне веднаш, бидејќи последиците ќе бидат „неповратни“. Притоа под неповратни се подразбира на пример на топењето на мразот на Гренланд поради што би можело да се подигне нивото на морињата и да поплавата големи крајбрежни области и градови или на пореметувањето во монсунската циркулација којашто е клучна за одгледувањето храна.„Можеме да си дозволиме трошоци за борба против глобалното затоплување, но сѐ уште не сме на вистинскиот пат“, смета германскиот научник Отмар Еденхофер.Најголемите светски загадувачи и натаму се САД, Европската унија и Индија. Јаглерод диоксидот останува во атмосферата со стотици години го емитираат возилата на фосилно горива, фабриките и електричните централи кои користат јаглен.Извештајот ќе биде главен прирачник за претставниците на 200 земји кои би требале да со согласат со договорот на ОН за борбата против глобалното затоплување во Париз кон крајот од 2015 година. Извештајот наиде на одобрување и поддршка од групациите за заштита на природната околина, особено делот кој се однесува на повикот емисијата на стакленичките гасови да се сведе на нула./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.