Контакт

Вести

ОН заклучи дека се можни воени злосторства во Газа, Израел оспорува а Хамас поздравува

Објавено пред

Иследниците на Обединетите нации објавија во понеделникот дека Израел и палестинските вооружени групи сториле груби прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународните прописи за човековите права во текот на судирот во палестинската енклава Појасот Газа во летото 2014 година, коишто би можеле да бидат карактеризирани како воени злосторства, чии заклучоци Израел ги оспори објавувајќи дека неговите сили дејствувале во „согласност со највисоките меѓународни стандарди“, додека палестински Хамас го поздрави извештајот и очекува судски постапки.

dobivaj vesti na viber

Истражната комисија на ОН не даде недвосмислени изјави за тоа дали воени злосторства се сторени, оставајќи ги таквите оцени за судовите или другите правни механизми. Во извештајот се наведува дека во 50-дневната војна во јули и август 2014-та во Појасот Газа се убиени 2.251 Палестинец, како и шест израелски цивили и 67 израелски војници.

„Комисијата успеа да собере податоци коишто укажуваат на тешки кршења на меѓународното хуманитарно право и законите за човековите права коишто ги извршиле Израел и палестинските вооружени групи. Во некои случаи, тие кршења би можеле да претставуваат воени злосторства“, се истакнува во извештајот.

Извештајот е претставен по едногодишна истрага и во него се повикува Израел да обезбеди поединости од своите „одлуки за гаѓањата“ за да овозможи независна процена на нападите во Појасот Газа, во коишто се убиени 1.462 палестински цивили од кои стотици деца, како што тврди палестинската страна, и уништени се илјадници домови.

Независните иследници, предводени од Американката Мери Мекгован Дејвис го осудија убивањето на наводните колаборационисти од страна на палестинските организации, оценувајќи дека можеби претставуваат воени злосторства. Членовите на комисијата, коишто ги именуваше Советот за човекови права на ОН, навестуваат во извештајот, исто така, дека највисокото ниво на израелскиот политички ешалон е одговорен за политиката којашто довела до она што може да претставува воено злосторство.

Во извештајот се осудуваат разорувањата и човечките патења без преседан. Комисијата за истрага на ланскиот судри, соопшти дека собирала суштински информации кои укажуваат дека можните воени злосторства ги сториле и двете страни.

„Димензиите на разорувањата и човечките патења се без преседан и ќе имаат последици врз генерациите кои доаѓаат“, изјави судијката Мекгован Дејвис на прес-конференцијата во Женева, истакнувајќи дека постои страв и во израелските градови на границата кон Појасот Газа од постојаните закани со ракетни напади, пренесуваат агенциите.

„Жално е што во извештајот не е препознаена длабоката разлика меѓу моралното однесување на Израел во текот на операцијата…., и на терористичките организации со коишто се судри. Бранејќи се од нападите, израелската војска дејствуваше во согласност со највисоките меѓународни стандарди“, објави израелското министерство за надворешни работи. Израелската дипломатија, исто така, истакнува дека овој извештај „го порачала ноторно пристрасна институција“, којашто е „опседната“ со Израел.

Исламистичкото палестинско движење Хамас кое владее во Појасот Газа, за кој во извештајот се наведува дека можеби понесува одговорност за воени злосторства кои вклучуваат и „неодредено“ истрелување ракети врз палестинските градови, соопшти дека ја поздравува осудата на дејствијата на Израел од страна на Советот за човекови права на ОН. Во соопштението се изразува и надеж дека резултатите од истрагата ќе придонесат за успешност на претстојната тужба пред Меѓународниот кривичен суд.

„Хамас ја поздравува одлуката на ОН да ги осуди израелските окупатори за воени злосторства за време на неодамнешната инвазија во Појасот Газа… Таквата јасна осуда на окупацијата треба да го следи повикувањето на (Израел – з.м.) пред Меѓународниот кривичен суд и сите други меѓународни судови“, се вели уште во соопштението.

Саеб Ерекат, член на извршниот комитет на ривалското палестинско движење Фатах – Палестинската ослободителна организација (PLO), изјави дека Палестина ќе ги разгледа заклучоците и препораките од извештајот на комисијата на ОН „со најголема внимателност. „… Ја повикуваме меѓународната заедница да се присети дека единствениот вистински пат кон мирот се состои во запирањето на израелската окупација која започна во 1967 година и во ставањето крај на неказнетоста на Израел за злосторствата сторени против нашиот народ“, изјави Ерекат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 минути

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија11 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија16 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија17 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија18 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија19 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија20 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа20 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија21 час

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион21 час

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет21 час

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија22 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија22 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија22 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион23 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет23 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет23 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион1 ден

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион1 ден

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија2 дена

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...