Вести
Опозицијата во Сирија повика САД да ги нападнат исламистите, но и режимот на Асад

Коалицијата на сириската опозиција ја поздравила подготвеноста на претседателот на САД, Барак Обама, да спроведе воздушни напади против Исламската држава во Сирија и Ирак но упати и повик Соединетите Американски Држави активно да се вклучат во борбите против режимот на Башар ал Асад, пренесуваат светските медиуми.
Коалицијата во соопштение го поддржала акцискиот план на американскиот претседател во кој не се исклучени воздушните напади врз положби на Исламската држава во Сирија, а исто така се предвидува и обука на бунтовниците.
Опозицијата наведува дека долго време бараат ваква акција против екстремистите и дека претходно предупредувале дека се повеќе растат заканите од оваа група.
„Војската на слободна Сирија, вооруженото крило на опозицијата, „може да успее но потребна и е помош да стане веродостојна и добро обучена сила“, се наведува во соопштението.
Опозицијата, меѓутоа, наведува дека важно е да се сфати дека режимот на Асад е исто така извор на насилство и бруталност во Сирија.
Борејќи се само против Исламската држава не може да се донесе стабилност во регионот ниту да се ослободи од екстремизам, се вели во соопштението во кое се укажува потребата од „ослабнување и симнување на репресивниот режим на Асад кој според опозицијата е подготвен да го дестабилизира целиот регион се со цел да остане на власт.
„Режимот на Асад сака себе си да се претстави како партнер во борбата против Исламската држава и исламските екстремисти и инсистира на тоа секоја воена акција на територијата на Сирија да се спроведе во соработка со него“, пренесува агенцијата France press.
Обама, меѓутоа, отфрлил секаква соработка со Асад и неговиот режим за кој смета дека е „нелегитимен“.
Обама во обраќање до нацијата ги изложи плановите за јакнење на борбата против Исламската држава која делува во северен Ирак и во Сирија. Тој рекол дека ќе ги прошири воздушните напади врз положбите на исламските екстремисти во Ирак како и дека е подготвен да отпочне со удари врз нив и во Сирија.
Американскиот претседател го повикал конгресот да одобри програма за обука и вооружување на сириските бунтовници кои се борат против Исламската држава и против сирискиот претседател Башар ал Асад./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.