Контакт

Вести

Ослободен атентаторот врз американскиот претседател Реган

Објавено пред

Џон Хинкли, човекот кој во 1981 година се обиде да го убие тогашниот американски претседател Роналд Реган, ослободен е по повеќе од 35 години минати во психијатриска болница, пишува The Washington Post.

dobivaj vesti na viber

Судот во јули годинава одреди негово ослободување строги услови за лекување и надзор утврдувајќи дека овој пациент повеќе не претставува опасност за себе и за другите. Џон Хинкли е прогласен за невин како душевно болен на судењето во 1982 година, кога му се дијагностицирани депресија и психоза, кои сега се во ремисија, според неговите лекари.

Одлуката кон рајот на јули ја донесе судијата Пол Фридман на сојузниот суд во Вашингтон. Судијата оценил дека сега 61-годипниот Хинкли повеќе не опасен ниту за себеси ниту за околината, како и дека ќе може да живее со 90-годишната мајка во станбена населба со обезбедување и ограничен пристап на јавноста (gated community).

Фондацијата Роналд Реган се огласи со кусо соопштение во коешто истакнува дека „за разлика од судијата, мисли дека Џон Хинкли и натаму претставува закана за другите и решително се противи на неговото ослободување“.

Хинкли се обиде на 30-ти март 1981 година да го убие претседателот Ронлад Реган по излегувањето од хотелот „Hilton“ во Вашингтон, при што рани и три други лица, меѓу нив и тогашниот портпарол на Белата куќа, Џејмс Брејди. Еден куршум се одби од претседателската блиндирана лимузина и го погоди Реган во градите. Куршумот поминал веднаш до срцето. Куршумот на Реган му ги пробли белите дробови, но брзо закрепна. Брејди, па, остана инвалид и како последица на тоа почина во 2014 година.

Атентаторот беше сместен во психијатриска болница во Вашингтон, пред повеќе од 30 години .На судењето коешто траеше два месеца изјави дека сакал да остави впечаток на актерката Џоди Фостер од која бил опседнат по филмот „Таксист“ на Мартин Скорсезе во кој таа ја толкува улогата на малолетна проститутка. Вдахновен од главниот ли кој планира да го убие американскиот претседател пукал во Реган во неуспешен обид да ја здобие љубовта на актерката/крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС)...

Македонија6 часа

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги...

Македонија9 часа

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија10 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија13 часа

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија13 часа

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...

Македонија14 часа

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија15 часа

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија16 часа

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ16 часа

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет17 часа

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, повеќе од 1.500...

Европа18 часа

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија18 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија18 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет19 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет20 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет20 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија20 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...