Вести
Пакистан: Бројот на загинатите во атентатот во Пенџаб се искачи на 20

Бројот на жртвите од терористичкиот напад во кој беше убиен и челникот на министерството за внатрешни работи на источната пакистанска покраина Пенџаб, Шуиџа Канзада, се искачи на 20 а 17 луѓе се хоспитализирани, објави во понеделникот The Express Tribune.
Министерот за внатрешни работи на Пенџаб, Шуиџа Канзада, набргу им подлегнал на тешките повреди здобиени во експлозијата којашто ја уништи куќата во областа Атток, во којашто во неделата се одржувало советување на локалните челници. Експлозијата го урнала покривот на објектот, а во тој момент во него имало најмалку 30 луѓе, од кои некои и во понеделникот беа под урнатините.
„Бројот на загинатите во Атток се искачи на 20. Спасувачката операција уште не е завршена. Околу 17 повредени се хоспитализирани во различни болници“, изјавил портпаролот на локалните спасувачки служби Диба Шахназ.
Според сознанијата на полицијата во Пенџаб, терористичкиот чин го извршиле двајца бомбаши самоубијци. Едниот бил во просторијата во која се одржувало советувањето, а другиот бил надвор од објектот.
Одговорноста за нападот во понеделникот ја преземаа неколку радикални исламистички групи, Лашкар-е-Џангви, пакистанските талибани и Џамат-ул-Ахрар. Покрај тоа, на министерот закани му биле упатувани и од Ал Каеда. Но според други извори, атентатот бил изведен од приврзаници на џихадистичката Исламска држава во соработка со талибаните. „Имаме потврда да присуство на Исламската држава во Аттоке, рекол неименуван полициски претставник.
Во Пакистан се активни неколку радикални сунитски групации, од кои најпозната е Лашкар-е-Џангви, којашто се залага за претворање на Пакистан во исклучиво сунитско општество, иако шиитските муслимани не се бројни во оваа земја. Припадниците на оваа групација ги сметаат шиитите за „неверници“ и редовно изведуваат терористички напади врз нив. Борците на Лашкар-е-Цангви своевремено беа обучувани во Авганистан за време на талибанскиот режим и се блиски со пакистанските талибани./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.