Вести
Пакистан го ослободи со кауција мозокот на нападите во Мумбаи

Пакистанскиот суд го ослободи во петок со кауција човекот обвинет дека ги испланирал терористичките напади во 2008 година врз индиската финансиска престолнина Мумбаи, во кои имаше 166 жртви, што наиде на осуда кај индиските власти.
Индискиот премиер Наренда Моди ја осуди можноста Заки-ур-Рехман Лакхви да биде пуштен на слобода со кауција и тоа неколку месеци откако Индија и Пакистан го имаа најтешкиот судир во последните десет години на заедничката граница во Кашмир.
„Лакхви е пуштен и не е повеќе во затвор“, рече неговиот адвокат малик Насир Абас, при тоа додавајќи дека не знае каде неговиот клиент сега ќе се упати.
Индиското министерство за надворешни работи изрази загриженост од „фактот што познати терористи не се ефикасно процесуирани што е вистинска закана за безбедноста на Индија и светот“.
Индија за нападите ја товари пакистанската милитантна група Лашкар-е-Таиба. Вооружени напаѓачи со брод влегле во градот и извршија неколку терористички напади на јавни места.
Индиската истрага тврди дека Лакхви, кој во 2009 година беше уапсен во Пакистан во врска со нападите, е всушност воен заповедник на групата Лашкар-е-Таиба.
Индиската јавност е огорчена од одлуката на пакистанското правосудство, за што сведочи прашањето на еден корисник на Twitter.
„Драги пакистански судови, треба ли Лакхви да ги ликвидира децата во училиштето во Пешевар за да сфатите дека тој навистина е терорист?“.
Со тоа алудираше на терористичките напади на училиштето во Пешевар во декември 2014 година, кога беа убиени 148 луѓе, повеќето деца, по што пакистанското правосудство ја врати на сила смртната казна. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.