Вести
Палестина стана членка на МКС

Палестина во средата стана официјално членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС – ICC) со намера пред него да ги изведе израелските челници за воени злосторства или за злосторства поврзани со окупација.
Свеченото одбележување на приемот се одвиваше зад затворени врати во седиштето на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, а палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малки доби симболичен примерок од Римскиот статут.
Приемот на Палестина претставува уште еден чекор во дипломатската и судска конфронтација која во 2014 година ја започна Палестинската самоуправа.
Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека тоа е потег кој може да има несигурни последици и по палестинската страна. Имено, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и другите израелски челници се далеку од тоа еден ден да се појават пред судот во Хаг. Израел и САД не се потписници на Римскиот статут, а Нетанјаху и претходно најавуваше дека тужби за воени злосторства може да бидат поднесени и против некои палестински лидери.
Иритирани од бескорисните преговори изминатите децении, без перспектива во догледно време да се случи формирање меѓународно призната палестинска држава, Палестинците се решија да го интернационализираат својот проблем.
Кон крајот 2014 година одлучија да му пристапат на Меѓународниот кривичен суд, во чиј делокруг е прогонот на извршители на геноцид, злосторства против човечноста воени злосторства, откако Советот за безбедност на Обединетите нации ја отфрли нацрт резолуцијата со која се прекинува израелската окупација на Западниот брег (на реката Јордан) и на источен Ерусалим за три години.
Истовремено додека бараше прием во Судот, претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд абас испрати во МКС документ со кој се дозволува обвинителката Фату Бенсуда да истражува наводно сторени злосторства извршени на палестинските територии по 13-ти јуни 2014 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.