Вести
Палестинците во Каиро разговараат за ситуацијата во Газа каде расте бројот на жртвите
Делегации на палестинските движења, меѓу кои и на исламистичкиот Хамас кој ја контролира енклавата Појасот Газа и на Исламскиот џихад се состанаа во неделата во Каиро за да ги договорат ставовите за индиректните преговори со Израел за прекин на огнот кои би требале да се водат со посредување на Египет, објавија египетски и палестински извори.
Во меѓувреме пристигнаа новите извештаи за жртвите во израелската офанзива „Линија на одбраната“ која започна на 8-ми јули против Хамас. Според палестинските извори, досега загинале 1.775 Палестинци, повеќето цивили меѓу кои над сто се деца, а загубите на милитантите се проценуваат на едвај третина од оваа бројка. Израел од своја стана го потврди загинувањето на 67 свои војници и тројца цивили загинати во палестинските ракетирања на јужните израелски области.Во Каиро инаку Палестинците ќе разговараат и за барањето на Хамас, Египет да го олесни преминувањето на границата кон блокираната Газа. Израел уште во саботата објави дека нема да испрати своја делегација на преговорите и ги обвини палестинските исламисти дека ги мамеле меѓународните преговарачи.Прекинот на огнот, кој во петокот го издејствуваа Обединетите нации и САД и требаше да трае 72 часа, беше прекинат по само 90 минути, а Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за тоа.Неделните разговори започнале со палестински договор за заеднички став пред средбата со египетските претставници, рекле изворите на Reuters.Каис Абу Лаила, висок функционер на Демократскиот фронт за ослободување на Палестина, кој исто така престојува во Каиро, изјави дека разните палестински фракции се договориле за единствен список со условите. „Прекин на огнот, повлекување на израелските сили, симнување на блокадата, ослободување на палестинските затвореници и почеток на обновата (на Појасот Газа). Секоја од тие ставки содржи и детали, па набрзо ќе биде организиран и состанок со египетската страна поради преговори за палестинскиот документ“, рекол во телефонската изјава за Reuters.Се очекува дека на преговорите во Каиро ќе допатува и заменикот на американскиот државен секретар Бил Барнас и поранешниот британски премиер Тон Блер. Египет, кој граничи со Газа, а со Хамас не се согласува поради неговата соработка со исламистичкото движење Муслиманско братство, како и во повеќето поранешни судири се наметна како посредник во очекуваните преговори за прекин на насилствата во Газа.Израел на 8-ми јули започна со воздушна и поморска офанзива како реакција на, според тамошната влада, сѐ пожестоките ракетирања на граничните израелски области. Десетина дена подоцна започна и копнената офанзива чија цел е пронаоѓање и уништување на мрежата од подземни тунели со кои Хамас пренесува оружје и муниција, а неговите борци можат да се префрлат и зад границата со Израел./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.