Вести
Палестинската влада на национално единство ја презема контролата врз Газа

Двете ривалски палестински фракции Хамас и Фатах постигнаа во четвртокот договор според кој владата на националното единство што ја предводи претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас ќе ја преземе контролата над палестинската енклава Појасот Газа, соопштија за Reuters египетските посредници во мировните преговори.
Функционери на исламистичкото движење Хамас и на Палестинската ослободителна организација (PLO –Фатах) се сретнаа во египетската престолнина Каиро во настојувањата да ги надминат разликите и да ја зајакнат меѓусебната соработка за преговорите со ИЗраел кои се планирани кон крајот на октомври. Меѓу одредбите од договорот по постигнувањето на прекинот на огнот меѓу Израел и Палестинците во Појасот Газа во август, е и онаа со којашто Палестинската самоуправа под водство на претседателот Махмуд Абас би требало да ја презема управата над Газа од Хамас. Меѓутоа, Палестинската самоуправа веќе подолг период е соочена со хронична финансиска криза и не може да ги исплати илјадниците работници во јавниот сектор. „На сите вработени владата на националното единство ќе им ги исплаќа платите, бидејќи сите тие се Палестинци, а ова а влада на сите Палестинци“, изјавил висок функционер на Фатах, Азам Ахмед. Кон крајот на мај годинава спротиставените палестински движења Фатах и Хамас договорија формирање влада на национално единство. Хамс и Фатах договорија листа на независни технократски министри во владата до изборите коишто ќе се одржат во рок од најмалку шест месеци и заживување на институциите кои се парализирани од 2007 година кога двете групации меѓусебно кусо и војуваа кога Хамас ја презема контролата над Појасот Газа, а Фатах ја контролира другата палестинска енклава Западнито брег (на реката Јордан).Израел, кој се противи на палестинското помирување и смета дека Хамас кој не го признава постоењето на Државата Израел и добива да се разоружи, е терористичка организација. Кон крајот на април, по потпишувањето на помирувањето меѓу двете фракции, Тел Авив донесе одлука за суспендирањето на преговорите со Палестинската национална самоуправа на претседателот Махмуд Абас и воведување санкции за Палестинците поради помирувањето меѓу двете ривалски палестински фракции Фатах (Палестинската ослободителна организација PLO) на Абас и исламистичкото движење Хамас, што ги стави во криза мировните преговори кои се возобновија во јули 2013 година со посредство на САД.Информациите за договорот за помирување меѓу Палестинците, со кој се предвидува формирање влада на националното единство со Хамас, движење коешто Израел и САД го сметаат за терористичка организација, и организирање избори до крајот на 2014 година, беа објавени во екот на кризата во мировните преговори кои не успеаја да дојдат до позначаен напредок иако се приближуваше истекот на терминот според кој требаше да завршат со склучување на сеопфатен договор./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.